1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Балкан 2020: темни облаци, без разведрување

Норберт Мапес-Нидик
4 јануари 2020

Во 2019 се распадна 20-годишната балканска политика на ЕУ. 2020 би можела пак да биде година во која делумно ќе се расчистат балканските урнатини. Веќе на пролет би можело да се види колку трупови има под урнатините

Westbalkan-Konferenz in Berlin
Фотографија: picture-alliance/dpa/B. von Jutrczenka

Самитот „ЕУ - Западен Балкан“ е планиран за во мај наредната година во Загреб. Советот на ЕУ во октомври годинава официјално ја одложи одлуката за отворање на престапните преговори со С. Македонија и со Албанија. Ветото од францускиот претседател Емануел Макрон предизвика ужасеност во целиот регион, но и во ЕУ. Освен тоа, беше тоа и погазување на ветувањата од претходниот самит. Во Германија пред сѐ се критикуваше тоа што ЕУ со своето остро одбивање загуби важен лост - не ги поддржа прозападните реформи во 6 држави од југоисточна Европа кои сѐ уште не се членки на ЕУ.

Многумина се надеваат дека на самитот во Загреб би можеле да бидат ревидирани октомвриските одлуки. Но, за тоа се слаби надежите. Бидејќи, самитот би требало да го подготви новото заседавање на Европската комисија, а нејзиниот извештај е во надлежност на новиот еврокомесар за проширување, Оливер Вархељи. Унгарскиот премиер, Виктор Орбан, чија политика ја следи и Вархелји, се залага за проширување на ЕУ на југоисток, но со целосно поинаква агенда од Германија. Орбан, имено, не ја дели загриженоста поради состојбата на демократијата во балканските држави. Напротив. Тој беше оној кој го спаси поранешниот корумпиран македонски премиер од затвор. Колку повеќе Унгарија се залага за Балканот, толку е поголема скепсата во Франција, Холандија, но и во Германија. Се стравува дека Унгарија ги користи државите од југоисточна Европа само за да ја прошири зононата на своето влијание и така да се одбрани од бегалците.

Заев целиот влог го стави на една карта - и загуби

Еден месец пред самитот во Загреб, во Македонија ќе се одржат избори. Реформскиот премиер Зоран Заев консеквентно го држи ЕУ-курсот. Во 2018/2019 година дури го промени и името на сопствената земја. Така целиот влог го стави на една карта - и загуби. Под свежиот впечаток од француското вето, распиша нови избори. Ако Заев загуби и на власт дојде авторитарната, националистичка, проруска опозиција - про-Европејците во целиот регион долго веќе нема да имаат никакви шанси.

Ветувањето „пристап за реформи“, видлив за секого, не можеа да се одржат. Иронија на судбината би била кога С. Македонија на самитот во Загреб би добила „да“, а пред тоа победат десничарските сили. Пораката би гласела: на секое барање на Запад потребно е максимално спротиставување! Само така се победува. 

Србија: Перманентни избори и модус на мобилизација 

Избирачите и во Србија најверојатно ќе гласаат во 2020 година. Исто како и во2017, 2016, 2014 и 2012 година. Перманентните избор за се силниот човек во земјата, претседателот Александар Вучиќ, испробано средство да се држи јавноста во состојба на мобилизација, за да и' се демонстрира тоа на опозицијата во годишен ритам. Француското вето Вучиќ уште во октомври го искористи да ја релативизира ориентацијата на Србија кон Запад и својот народ го подготви за константно вртење меѓу Европа, Русија, Кина и сите можни инвеститори - што е повторно последица на кочењето од ЕУ. Затоа нема потреба за брзање кога станува збор за пристапните преговори. Истото важи и за Црна Гора. Оваа мала земја, исто како и соседот Србија, веќе 7 години води пристапни преговори. И досега суптилно ги игнорира благите европски опомени поради корупцијата и застрашувањето на новинарите и опозициските политичари.

Што младите од Балканот очекуваат од политичарите во 2020?

04:51

This browser does not support the video element.

Албанија: Ќе ѝ заврти ли грб премиерот Рама на ЕУ која го крши дадениот збор?

Албанија е во криза. Никој не знае дали таа криза во 2020 година ќе биде надмината. А и како би можели да се знае тоа? По бојкотот на локалните избори и излегувањето на опозицијата од парламентот сѐ практично застана. Премиерот Еди Рама се соочи со криминална мрежа и ја сузби трговијата со дрога. Поради тоа стекна почитување од ЕУ. Но, сега му недостасува меѓународна поддршка - и тоа не само поради блокадата на патот кон ЕУ, туку и проради тоа што одделни земји од ЕУ, а најмногу Холандија, не сакаат да ја уплашат албанската опозиција.

Но, не треба да се очекува дека Рама ќе се повлече. Би можело повторно да се случи слично како со Вучиќ во Србија - да се заврти од ЕУ која го крши дадениот збор и да го побара сопствениот пат.А ни не треба да се очекува оти Босна и Херцеговина во 2020 година ќе се разбудат од политичката кома. Поради тоа што секаде во регионот ослабеа надежите во подобра иднина, сѐ посилен е бранот на иселувње. Со германскиот Закон за доселување на стручна работна сила, кој во март би требал да стапи на сила, Берлин на тоа му дава дополнителен поттик.

Косово: Еден бунтовник сака да се бори против корупцијата

Вистински напнрегнат е единствено развојот на ситуацијата во Косово. Со победата на изборите во октомври, таа земја ќе добие нов, сосема поинаков шеф на владата. Бунтовникот Албин Курти вети решителна борба против корупцијата и затоа ќе мора да се справи со моќни мрежи,кои се дури наклонети и кон насилство. За Курти - за разлика од реформаторите во земјите од регионот - ЕУ е помалку дел од решението и повеќе дел од проблемот. Бидејќи зад демонстративната верност кон Европа, поранешните моќници со задоволство ги прикриваа своите лични, претежно финансиски, агенди.

Овојпат Западот се држи настрана. И тоа се однесува дури и за САД. Вашингтон очигледно работи на нова стратегија за Балканот. Сепак, сè уште е нејасно како треба да изгледа таа. Но, добро позната шема во регионот е  Американците да ги преземат работите во свои раце кога Европа веќе не знае како натаму. Уште од воените деведесетти години на минатиот век.

Норберт Мапес-Нидик Норберт Мапес-Нидик, 1953, е германски новинар и автор на повеќе книги за Балканот.
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми