Двете Кореи ја одбележаа 70 годишнината од крајот на Корејската војна. Тензиите меѓу двата херметички изолирани соседи се големи и 7 децении потоа. Провокациите и инцидентите се редовна појава, меѓу нив и јужнокорејските балони со летоци против комунистичките власти во Пјонгјанг.
Реклама
Јужнокорејски активисти непосредно пред јубилејот од крајот на Корејската војна - 25 јуни- испратија илјадници летоци преку границата со Северна Кореја, со помош на балони специјално направени за таа намена.
Активистот Парк Санг-Хак рече дека неговата група преку границата испратила 20 балони со 500.000 летоци, 2.000 банкноти од еден долар и книги од мал формат за Северна Кореја. Парк по потекло е од Северна, но пребегал во Јужна Кореја. Како што објаснува, летоците се борба за правдина и за ослободување на Севернокорејците.
Тој го осуди „варварското“ владеење на севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун, за кој вели дека е „зло“.
Тензиите на Корејскиот полуостров нагло се зголемија во минатата недела кога Северна Кореја ја крена во воздух меѓукорејската канцеларија за врски на своја територија, од бес дека Јужна Кореја испраќа летоци против неа.
За што е способна севернокорејската армија?
Северна Кореја повторно го привлекува вниманието на светската јавност. Тестирањето на интерконтиненталните ракети наидува на остри критики. Земјата има една од најголемите армии во светот. Но, продолжува да се вооружува
Фотографија: Reuters/KCNA
Меѓу најбројните армии во светот
Севернокорејската армија има 700 илјади војници и околу 4,5 милиони резервисти. Речиси секој петти жител на земјата е во војска. Сите мажи во комунистичкиот режим мораат да учествуваат во воената обука. Поради тоа, Северна Кореја има двојно повеќе војници од соседната Јужна Кореја.
Фотографија: Getty Images/AFP/E. Jones
Различни воени орудија
Според податоците наведени во Глобалниот индекс за вооружување, Северна Кореја во 2017 година располага со 76 подморници, 5.025 тенкови и 458 борбени авиони. На оваа фотографија од 2013 година, лидерот Ким Јонг Ун е сликан во командната централа на армијата.
Фотографија: picture-alliance/dpa
Воена парада
Севернокорејскиот режим секоја година ја демонстрира својата сила на воена парада во главниот град Пјонгјанг. Парадите воглавно се одржуваат за време на некој важен јубилеј на комунистичката земја или семејството Ким.
Фотографија: picture-alliance/dpa/KCNA
Интерконтинентални ракети
САД во четвртокот потврдија дека Северна Кореја успешно тестирала балистичка интерконтинентална ракета. Ракетата од типот „Хвасонг- 14“ е во состојба да ја погоди секоја цел во светот, јави државната новинска агенција КЦНА.
Фотографија: Getty Images/AFP/KCNA
Атомските проби продолжуваат
И покрај острите санкции, Северна Кореја продолжува со својата атомска програма. Само во 2016 година беа извршени пет нуклеарни проби. Јужнокорејскиот министер за одбрана Хан Мин Ко смета дека соседот наскоро ќе го изврши и шестиот тест.
Фотографија: picture-alliance/dpa/KCNA
Закана за светскиот мир
Кина и Русија се единствените земји кои се водат како сојузници на Северна Кореја. Режимот за главен непријател ја смета „империјалистичката сила САД“. Меѓу непријателите уште спаѓаат и Јужна Кореја и Јапонија.
Фотографија: Reuters/K. Hong-Ji
Крај на трпението?
По тестирањето на интерконтиненталните ракети на американското трпение му дојде крајот. Претседателот на САД, Доналд Трамп сака да најде решение со своите сојузници од Г20. Кина и Русија, во секој случај, сакаат да спречат американски напади врз воени цели во Северна Кореја.
Фотографија: picture-alliance/Zumapress/M. Brown
7 фотографии1 | 7
И последното испраќање на балони, се очекува да донесе зголемување на тензиите на границата меѓу двете Кореи. Северна Кореја соопшти оти ќе одговори на испраќањето летоци, со упатување свои пораки и со преземање други чекори кои се поврзани со договорот од 2018 година за намалување на тензиите на границата.
Поради сето ова официјален Сеул најави дека ќе го забрани испраќањето на спорните балони со летоци преку границата.
Двете Кореи официјално и натаму се во војна, бидејќи примирјето со кој му беше ставен крај на конфликтот сè уште не е заменет со вистински мировен договор.
Милиони луѓе беа убиени, исчезнати или повредени во Корејската војна, а голем дел од полуостровот беше уништен.