1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Медиуми

Банкротираше Кембриџ Аналитика

ЕМФ /агенции
3 мај 2018

Британската фирма „Кембриџ Аналитика“, која е во фокусот на најновиот Фејсбук-скандал, запре со работа и прогласи банкрот.

Großbritannien Sitz von Cambridge Analytica in London
Фотографија: Reuters/H. Nicholls

Фирмата за анализа на податоци „Кембриџ Аналитика“ на својата интернет-страница соопшти дека веднаш прекинува со работа поради тоа што се покажало оти бизнис-моделот веќе не е „рентабилен“. Претпријатието поднесло барање за инсолвентност. Со работа прекинал и концернот-мајка СЦЛ Елекшнс. „Поради бранот на медиумско известување, практично сите наши клиенти и доставувачи ни го завртеа грбот“, соопшти „Кембриџ Аналитика“.

Компанијата е уверена дека е предмет на голем број неоправдани обвинувања. Фирмата е изложена на „валкање“ за деловни практики кои не само што се легални, туку во сферата на политички и комерцијален онлајн-маркетинг се и натаму прифатени како стандард, тврди „Кембриџ Аналитика“.

Основачот на Фејсбук, Марк Закерберг, на сослушување во американскиот Конгрес поради скандалот со податоците (11.04.2018)Фотографија: picture-alliance/AP Photo/A. Harnik

Оваа фирма преку професор на Кембриџ добила податоци од милиони Фејсбук-корисници, собрани преку апликација за анкета. Притоа, во анкетата учествувале само неколку стотици илјади корисници. Остатокот биле информации за нивните Фејсбук-пријатели до кои апликацијата, според тогашното функционирање на онлајн-мрежата, имала пристап.

Повеќе:

Скандалот со Фејсбук поголем отколку што се мислеше

Дали Кембриџ Аналитика одиграла клучна улога во Брегзит?

Фејсбук во март призна дека „Кембриџ Аналитика“ во свои раце неправедно добила податоци од 87 милиони корисници и нив ги ставила на користење за кампањата за изборите во САД во полза на американскиот претседател Трамп.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми