1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бан Ки Мун бара крај на масакрот во Сирија

ЖА/дв/миа26 јули 2012

Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун, со оглед на продолжувањето на насилството во Сирија, упати апел до меѓународната заедница да не чека со скрстени раце.

Фотографија: DW

Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун при посетата на БиХ повика конечно да прекине крвопролевањето во Сирија.

Таму се вршат напади врз села и се масакрираат деца, изјави Бан во говорот пред босанскиот парламент во Сараево. Истата меѓународна заедница, која за време на босанската војна во 1995. година потфрли во спречувањето на геноцидот во Сребреница, сега е пред тест во Сирија.

„Му упатувам молба на светот... Не одолговлекувајте... дејствувајте сега за да се запре крвопролевањето во Сирија. Меѓународната заедница е обврзана да ги спречи тешките прекршувања на човековите права“, рече Бан пред босанските парламентарци.

Во меѓувреме ОН повлекоа половина од своите 300 набљудувачи од Сирија, иако работата на мисијата продолжува.

Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун од Сараево инаку ги повика балканските земји да се свртат кон иднината.

Во изјавата пред медиумите Бан рече дека балканските земји брзо напредуваат во процесот на евроинтеграцијата, дека се наоѓаат во процес на транзиција и оти не треба ниту една од овие земји да заостанува зад другите.

Бан истакна дека балканските земји имаат заедничка култура и историја и токму поради тоа треба да вложат заеднички напори во барањето на вистината, правдата и помирувањето.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми