Бан Ки Мун загрижен за Либан поради конфликтот во Сирија
19 октомври 2012Во извештајот до Советот за безбедност Бан исто така ги нагласува обвинувањата за шверц на оружје преку границата и порачува дека Либан не смее да биде „вовлечен во регионалните немири“.
„Јас сум длабоко загрижен за влијанието на сириската криза врз Либан“, забележува Бан во извештајот во кој нотира зголемен број на инциденти со гранати, кои имале за цел села на либанска страна од границата. Само во јули се регистрирани 31 инцидент.
„Обвинувањата за шверц на оружје преку сириско-либанската граница и инцидентите, кои се повторуваат по должина на границата и кои предизвикуваат смрт и повреди на цивилите, ја нагласуваат итната потреба за подобрување на менаџментот и контролата на границата од либанска страна“, забележува генералниот секретар на ОН.
Либан до сега направи две јавни поплаки до сириските власти за прекршување на територијалниот суверенитет со предупредување дека тоа може да го распали огнот во целиот регион.
Насилството во Сирија и натаму не запира. Во бомбардирање на сириската армија врз град на северот од земјата, кој е под контрола на бунтовниците, се убиени најмалку 49 лица, од кои 23 се деца. Најмалата жртва е девет месечно бебе.