1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бан Ки Мун поддржува истрага за трговијата со органи

10 мај 2011

Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун даде поддршка за спроведување целосна и непристрасна истрага за тврдењата на специјалниот известувач на СЕ, Дик Марти, за трговија со човечки органи на Косово.

Бан Ки МунФотографија: Picture Alliance/Photoshot

Бан Ки Мун го проследи до земјите- членки на Советот за безбедност на ОН барањето на Србија оваа организација да спроведе истрага за тврдењата на специјалниот известувач на Советот на Европа, Дик Марти, за трговија со човечки органи на Косово.

Би сакал да ја искористам оваа можност да ја изразам својата поддршка за целосна, непристрасна и независна истрага за овие сериозни обвиненија. ОН целосно ќе соработува во таква истрага, доколку биде спроведена, се наведува во писмото на генералниот секретар испратено до Советот за безбедност на ОН.

Бан Ки Мун во најновиот тримесечен извештај за Косово, за кој Советот за безбедност на ОН ќе расправа в четврток, истакнува дека е потребна целосна, непристрасна и независна истрага за наводната трговија со човечки органи на Косово, со силна програма за заштита на сведоци и целосна соработка на сите страни.

Вук ЈеремиќФотографија: AP

Министерот за надворешни работи на Србија Вук Јеремиќ претходно најави дека ќе присуствува на редовната седница на Советот за безбедност на ОН и дека на тој состанок ќе биде разговарано за иницијативата на Србија истрагата за нелегална трговија со човечки органи на Косово да биде спроведена од независно тело со мандат на ОН. Јеремиќ изјави дека се во тек консултации зад затворени врати меѓу членките на Советот за безбедност за српската иницијатива, но не очекува на седницата на 12 мај да биде донесена конечна одлука.

Автор: ЖА/СН/миа/танјуг

Редактор: Борис Георгиевски

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми