1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Барак за Хилари

Миодраг Шориќ/превод: Ж.А. 10 јуни 2016

Демократите ги збиваат редовите. Повлекувањето на Берни Сандерс е прашање на време, а Миодраг Шориќ смета дека Хилари Клинтон ќе го менува политичкиот курс - ќе свртува кон лево за да допре до „фановите“ на Сандерс.

Фотографија: Getty Images/AFP/J. Watson

Демократската партија му оддава признание на Берни Сандерс - тој е поканет во Белата куќа. А Хилари Клинтон упатува речиси само пофални зборови за својот ривал. „Берни“ идниот вторник последен пат ќе влезе во рингот - на предизборите во Федереалниот округ Колумбија. Но, дури и да победи во американскиот главен град, во аритметиката нема да има промена. Клинтон ги освои предизборите кај Демократската партија. Оттаму, разбирливо е што претседателот Барак Обама го прекинува својот досегашен молк и официјално ја поддржа кандидатурата на Хилари Клинтон. Тој си остави прилично долго време, со месеци одржуваше неутралност кон кандидатите на својата партија. Ваквиот став наиде кон почит и кај Снадерс и неговите приврзеници.

Просечно надарена ораторка

Во меѓувреме Обама веројатно едвај чека да се впушти во предизборната треска. Зашто, нему премногу добро му се познати силните страни и слабостите на Хилари. Таа е просечно надарена ораторка. Обама, напротив, поседува исклучителен говорнички талент. Вредностите на Хилари во фактоорт веродостојност или омиленост се во приземјето. Актуелниот претседател пак ужива висока популарност. Овој политички капитал Обама ќе го внесува до денот на изборите. Но, не без сопствена корист, тој сака да го осигура сопствениот политички завет. Зашто, Доналд Трамп како претседател делумно би ја укинал здравствената реформа, би ги довел во прашање договорите за слободна трговија и би се откажал од улогата на САД како глобална сила во воведувањето ред.

Од аспект на Демократите, тоа мора да се спречи. Обама, Клинтон и Сандерс овде се на иста страна.Прашање е само на време, денови или можеби недели, кога внатрепартиските ривали на Хилари ќе застанат зад нејзината кандидатура.

Миодраг Шориќ

Политичка цена за Клинтон

Повлекувањето на Сандерс се случува на рати. Сенаторот од Вермонт мора да има обѕир кон милионите симпатизери. Многумина со жар го поддржуваа белокосиот револуционер, делумно тоа го прават и денес, но сега се разочарани што нивниот кандидат го извлече подебелиот крај. Но, на преврзениците на Сандерс им останува утехата - Сандерс и‘ ги издиктира на Клинтон „своите“ изборни теми: повеќе пари за здравството и образованието, милијарди инвестиции во инфраструктурата, поголемо оданочување на богатите, построга регулација за Вол стрит.

Хилари значи ќе мора да се позиционира политички полево, иако свесна за фактот дека изборите и во САД ги одлучува центарот. Со тоа таа влегува во дополнителен ризик. Но, Клинтон мора да ја плати оваа политичка цена за да ги привлече на своја страна гласачите на Берни Сандерс. Демократската партија по крајот на предизборите не може да постигне обединување на поинаков начин.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми