1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ламбрехт: „Потребни се докази за руското повлекување“

Бернд Ригерт | Александра фон Намен
18 февруари 2022

Таа е полна со надеж, но Русија мора на дело да го докаже најавеното повлекување на своите трупи од украинската граница, истакнува германската министерка за одбрана Кристине Ламбрехт во интервју за Дојче веле

Christine Lambrecht Besuch NATO EFP Battalion
Фотографија: Petras Malukas/AFP/Getty Images

Русија тврди дека започнала со делумно повлекување на своите трупи од близина на украинската граница. Руското министерство за одбрана соопшти дека тенковите се подготвуваат за транспорт по крајот на воените маневри, илустрирајќи го тоа со објавување фотографии. Меѓутоа,   САД информациите за  руското повлекување  ги оквалификуваа за лажни.

Американската влада дури поаѓа од зајакнување на  руските трупи , според Белата куќа, пристигнати се дополнителни 7.000 руски војници, истото мислење го споделува и НАТО, каде вчера се сретнаа министрите за одбрана на членките на Алијансата.

Германската министерка за одбрана Кристине Ламбрехт не гледа никаква причина за отповикување на тревогата, како што истакнува во интервју за Дојче веле. „Слушаме зборови кои будат надеж. Тоа е точно, но мора точно да следиме дали по овие зборови ќе следат дела и пред сѐ, од колкава трајност ќе бидат тие“, изјави Ламбрехт во Брисел. Важно е  Русија да ги повлече трупите потребни за напад. „Не може да се очекува тоа да се случи за неколку часа“, признава министерката, но потребни се „доверливи докази“ за деескалација: „А такви уште не гледаме, не гледаме придвижување во таа насока.“

Руски војници на воени маневри во Белорусија Фотографија: BelTA/AP/dpa/picture alliance

Одлуката за испраќање нови трупи во Романија дури во јуни

Министрите за одбрана од членките на НАТО разговараа за формирање нови борбени мултинационални единици во југоисточните држави. Такви единици составени од по 1500 војници досега се стационирани во Балтичките држави и во Полска. Франција понудила да формира и да предводи една ваква група во Романија, додека германската министерка за одбрана реагира воздржано. Таа истакнува – НАТО во моментов се фокусира на испраќање сигнали на одвраќање и заплашување.

Германија бројот на своите војници во единицата во Литванија, која ја предводи Бундесверот, го зголеми за 367 на речиси 1000. „Во однос на тоа како ќе се развиваат работите во иднина, дали долгорочно ќе се зајакнува источното крило на НАТО, мислам дека мора да се изврши целосно точна проверка, а не да се носи ад хок одлука. Во јуни ќе имаме повторна средба на која опширо ќе ја разгледаме темата и тогаш можеме да донесеме одлука“, изјави Ламбрехт.

„Украина во моментов не ги исполнува условите“

Германската министерка за одбрана ја отфрла можноста за решавање на кризата во односите со Русија преку договарање неутралност на Украина, без изгледи за нејзин прием во НАТО.

„Постојат црвени линии, за кои не е можно да се преговара. Во нив спаѓа суверенитетот на Украина, меѓународното право, како и правото на избор во кој сојуз треба да се биде примен“, потенцира Ламбрехт за Дојче веле.

Германскиот канцелар Олаф Шолц  по посетата кај рускиот претседател Владимир Путин во вторникот изјави дека приемот на Украина во НАТО актуелно не е на дневен ред.

Кристине Ламбрехт се согласува со тоа, зашто независно од споменатите принципи, Украина мора да исполни одредени предуслови за да може да биде примена во НАТО. „Овие предуслови кај Украина во моментов ги нема, тоа значи би била една долга постапка. А одлуката останува на Украина, таа треба да реши дали ќе поднесе барање за членство или не.Од тоа не смее да има откажување ни во процесот на преговори.“

 

Бернд Ригерт Дописник од Брисел со фокус на луѓето, приказните и политиката на Европската Унија
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми