1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Бараме независност на Баскија“

23 октомври 2011

По откажувањето од примената на сила на баскиската терористичка организација ЕТА, во градот Билбао демонстрираа повеќе десетици илјади лица за изнаоѓање политичко решение за Баскија.

Spanien Baskenland Separatistenbündnis Bildu zu Wahl zugelassen
Фотографија: dapd

Демонстрациите во Билбао, најголемиот град на Баскија, ги организираше сојуз од повеќе левичарски партии, националистички движења и синдикални организации, кои се залагаат за независноста на Баскија од Шпанија, но го отфрлаат тероризмот како средство. Илјадниците демонстранти, покрај независноста на Баскија бараа и амнестија за околу 700 уапсени членови на ЕТА.

„Единственото што се смени е дека ја нема повеќе ЕТА. Но, борбата на баскискиот народ продолжува и се надеваме дека ова е почеток на изнаоѓањето решение за конфликтот“, порача една демонстрантка.

ЕТА во четвртокот најави дефинитивен престанок на оружените активности по цели четири децении залудна борба за независност на Баскија. Поради тоа САД и ЕУ ја означија ЕТА како терористичка организација. Таа се смета за одговорна за смртта на преку 800 лица.

Автор: ГЧ/ЖА/дв

Редактор: Ж. Ацеска

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми