Барање за воено ембарго за Мијанмар
11 октомври 2007Реклама
Организацијата за заштита на човековите права Хјуман Рајтс Воч го повика советот за безбедност да воведе воено ембарго за Мијанмар, поранешна Бурма. Во барањето посебно се критикуваат Индија, Кина и Русија кои му испорачуваат оружје на воениот режим кој и натаму ги повредува човековите права. Сеуште не се потврдени информациите дека поврзано со масовните протести од септември, припадникот на националната лига за Демократија Вин Шве бил измачуван а подоцна и убиен. Германскиот Бундестаг синоќа го осуди насилното задушување на протестите и ги повика соседите на Мијанмар да го искористат своето влијание врз воениот режим во земјата.