1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Барозо останува

16 септември 2009

Европскиот парламент му го продолжи мандатот на Португалецот за нови пет години. За Барозо гласаа 382 од 718 присутни пратеници. Тој се заблагодари за довербата, со желба за соработка со сите партии.

Втор мандат на чело на ЕКФотографија: AP

Европската комисија ја има една од клучните улоги во рамките на ЕУ, а Барозо е на нејзино чело уште од 2004 година. На денешното тајно гласање тој ја доби поддршката од демохристијаните, конзервативците и либералите. Против се изјаснија 219 пратеници, во најголем дел од редовите на Зелените и левичарите, додека 117 парламентарци, повеќето социјалдемократи, се воздржаа од гласање.

Државите-членки на ЕУ едногласно се согласија околу номинацијата на Барозо уште во јуни. Европските влади притискаа за што е можно поскора одлука од Европскиот парламент, со оглед на финансиската и економска криза.

„Ве уверувам сите, присутни во овој парламент: ќе бидам искрено посветен на тесна соработка со вас во наредниве пет години, со цел да изградиме посилна европска парламентарна демократија“, истакна Барозо по гласањето.

„Како претседател на Комисијата, мојата партија се вика Европа“, додаде Барозо, коментар што беше наменет, пред се`, за Зелените, социјалдемократите и левичарите, кои не го поддржаа продолжувањето на неговиот мандат. „Ни претстои уште многу работа, а јас се чувствувам мотивиран и полн со елан“ додаде Барозо.

„Како претседател на Комисијата, мојата партија се вика Европа“, изјави Барозо по неговиот реизбор, коментар што беше наменет, пред се`, за Зелените, социјалдемократите и левичарите, кои не го поддржаа продолжувањето на неговиот мандат. „Ни‘ претстои уште многу работа, а јас се чувствувам мотивиран и полн со елан“ додаде Барозо.

Кој е задоволен, а кој не?

Претседателот на Европскиот парламент Јежи Бузек беше задоволен од изборот на Барозо. „Ова е голема победа за европската демократија. Сега нема веќе политички вакум.“

Со продолжувањето на мандатот на Барозо е задоволна и ЦДУ, која реизборот го оцени како „логично продолжување“ на победата на Европската народна партија на неодамнешните избори за Европски парламент. „Со ова се обезбедува работоспособноста на Комисијата“, истакна потпретседателот на Европската народна партија, Петер Хинце, кој самиот доаѓа од ЦДУ. Реизборот на Барозо го поздравија и либералите.

Мартин Шулц (СПД) незадоволен од реизборот на БарозоФотографија: picture-alliance / Sven Simon

За разлика од нив, пак, социјалдемократите се разочарани. Како што истакна шефот на нивната пратеничката група, Мартин Шулц, показател за недоволната поддршка за Барозо е тоа што за неговиот реизбор помогнаа гласовите на евроскептичарите. За Шулц најголем недостаток на Барозо е тоа што се обидува на сите да им угоди, наместо да заземе цврст став:

„Тој секогаш сака да биде омилен, пред се` кај шефовите на владите, затоа и едногласно ја поддржаа неговата номинација за втор мандат. Во парламентот не ја ужива таа поддршка, зашто на сите им ветува се`, а на крајот не може да исполни ни половина од ветеното“, истакна Шулц во интервју по реизборот на Барозо.

Автор:ТТ/АТ/дпа

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми