1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Бајден дигна прашина со изјавата за можен руски напад

СН/агенции
20 јануари 2022

Американскиот претседател Џо Бајден уште еднаш ја предупреди Русија од последиците од можна инвазијата врз Украина, но неговите зборови предизвикаа иритации.

Американскиот претседател Џо Бајден во обраќањето по повод првата годишнина од неговото претседателство
Американскиот претседател Џо Бајден во обраќањето по повод првата годишнина од неговото претседателствоФотографија: Mandel Ngan/AFP

Претседателот на САД, Џо Бајден, ѝ се обрати на нацијата на пресконференција во Белата куќа по повод првата година од неговото претседателствување. Во таа пригода тој зборуваше и за кризата која тлее меѓу Украина и Русија и предизвика вознемиреност со изјавите за можен руски напад инвазија на Украина.  

Се создаде впечаток дека Бајден имплицира оти заканите со санкции од страна НАТО може да зависат од степенот на потенцијална руска инвазија: „Едно е ако сстанува збор за помал упад“, рече Бајден. „Но, ако тие навистина го направат она што можат да го направат со силите собрани на границата, тогаш тоа ќе биде катастрофа за Русија“, рече Бајден

 „Инвазијата би била најважната работа која се случила во светот, во смисла на војна, од Втората светска војна и би можела да излезе од контрола. Русија воено ќе надвладее во инвазијата, но ќе претрпи големи загуби. Ова не е само воена прошетка за Русија, ќе плати висока цена, веднаш, краткорочно, среднорочно и долгорочно.“

Украинските резервисти се подготвуваат за евентуална руска инвазија

03:06

This browser does not support the video element.

Американскиот претседател е уверен оти Русија наголемо подготвува акција во Украина, и порача дека секое движење на руските сили преку границата ќе се третираат како инвазија, што нема да помине неказнето. Бајден откри оти во НАТО постои поделеност во одговорот на евентуалниот руски упад во Украина.

Реченицата на Бајден за „помал упад“, меѓутоа веднаш предизвика иритации и критики.  Американскиот телевизија Си-Ен-Ен цитираше неименуван украински владин функционер дека е „шокиран дека американскиот претседател Бајден направи разлика помеѓу упад и инвазија“.

Ова му дава на рускиот претседател Владимир Путин „зелено светло да ја нападне Украина по своја волја“. Истакнатиот републикански сенатор, одговорен за надворешна политика Линдзи Греам рече дека тој беше „запрепастен“ од изјавите на Бајден.

Американскиот државен секретар, Ентони Блинкен, вчера во Киев се сретна со претседателот на Украина, Владимир Зеленски. Блинкен ја поздрави посветеноста на Украина за мирно решавање на проблемот.

Планирано е во петок во Женева тој да се сретне и со Сергеј Лавров, министерот за надворешни работи на Русија.

     

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми