1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бајден: „Сега мора да дејствуваме!“

СН/агенции
15 јануари 2021

Тој сè уште не е на функција - но идниот претседател на САД не губи време: Џо Бајден во телевизиски говор го претстави својот предлог-пакет за помош во корона-кризата. Обемот: 1,9 билиони долари.

Coronavirus I USA I Joe Biden
Фотографија: Matt Slocum/dpa/picture alliance

Новоизбраниот претседател на САД, Џозеф Бајден, претстави предлог стимулативен пакет, наведувајќи дека се потребни смели инвестиции за да се придвижи економијата и да се забрза дистрибуцијата на вакцините, за да може се стави под контрола коронавирусот, пренесува Гласот на Америка.

Бајден во 2020 година водеше кампања која се засноваше на ветување дека ќе ја сфати пандемијата посериозно од претседателот во заминување Доналд Трамп, а цел на пакетот кој го претстави е токму од зборови во дело, така што ќе овозможи прилив средства за одговор на Ковид-19 и за економско опоравување.„Кризата на длабокото човечко страдање ни е пред очите и нема време за губење.

Фотографија: picture-alliance/dpa/J. West

Мораме да стапиме во акција и тоа веднаш“, рече Бајден за време на обраќањето од Делавер во ударен телевизиски термин.

Повеќе:

-Што го натера Трамп (сепак) да стави потпис на помошта во пандемија

-Вашингтон се „утврдува“ за инаугурацијата на Бајден

-Доналд Трамп потфрли во справувањето со корона-кризата

Пакетот помош опфаќа 415 милијарди долари за поддршка како одговор на вирусот и за дистрибуција на вакцините против коронавирусот, околу 1.000 милијарди за директна исплата на американските домаќинства и околу 440 милијарди за малите и средните фирми и заедници кои се особено тешко погодени од пандемијата. Или севкупно 1,9 билиони долари.

Чековите за семејствата би требало да изнесуваат 1.400 долари по лице, покрај веќе испорачаните 600 долари по лице кои ги добија Американците од претходниот пакет помош, кој го усвои Конгресот.  Дополнителното осигурување за невработените, исто така, би се зголемило од 300 на 400 долари неделно и би се продолжило до септември.

Претставниците на тимот за транзиција наведоа дека планот на Бајден ќе биде пакет помош по кој ќе следи уште еден силен пакет за неколку недели.Отповикувањето на претседателот во заминување Доналд Трамп, во Представничкиот дом се заканува да го згусне календарот во Сенатот, но Бајден изрази надеж дека Сенатот ќе може да направи баланс меѓу процесот за импичментот и другите приоритети.

   

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми