1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бајерн Минхен го доби трофејот

Сара Вирц / Елизабета М. Фиданоска12 мај 2013

Минхенчани конечно со трофеј в раце, Фрајбург првпат во историјата доби место во Европскиот куп, а Бремен славеше останување во Бундеслигата. По 33. коло - три клуба и натаму во неизвесност дали ќе испаднат или не!

Фотографија: Getty Images

Тој е грд, тежок (11 килограми) и стар (64 години), а сепак толку посакуван - трофејот на Бундеслигата, познат и како „салатара“. По две години во „егзил“ во Дортмунд, трофејот повторно е во Минхен, кај рекордерот по титули во Бундеслигата. По последната средба на домашен терен во оваа сезона и победата од 3:0 против Аугсбург, капитенот на Бајерн Филип Лам прв го подигна трофејот во височина. Уште од пред пет кола е познато дека Бајерн е новиот првак, но дури сега се слави. Екипата, вчера доцна вечерта (11.05), беше славена од навивачите, имаше автокорзо низ Минхен, како и прослава на балконот на Градското собрание.

Натпреварот во кој Томас Милер, Џердан Шаќири и Луиз Густаво постигнаа голови во последните 20 минути, за минхенчани беше спореден, но за Аугсбург беше и тоа како важен. Требаше да се освојат важни бодови за опстанок, но дома се замина без ниту еден бод во џебот. Сега Аугсбург мора сите надежи за опстанок да ги положи во последното коло од Бундеслигата.

Тренерот на Бајерн, Јуп Хајнкес, со трофејот в рацеФотографија: Getty Images

Борисија Дортмунд не се предава

Борусија Дортмунд не победи, но со резултат од 3:3 против Волфсбург доби нова порција самодоверба за финалето на Лигата на шампиони против Бајерн, за две недели. Тимот на Јирген Клоп во првото полувреме губеше со 3:1, но успеа да го заврши мечот нерешено.

Бајер Леверкузен ја докажа уште еднаш својата добра форма со победата над Хановер. Третиот на табелата победи со 3:1. За Хановер овој пораз нема последици. Тимот е во средината на табелата и не се бори ниту за опстанок ниту за излез во Европа.

Слабиот Шалке

Шалке 04 се‘ уште го нема сигурно в раце билетот за квалификациите за Лигата на шампиони. Четвртиот на табелата на свој терен загуби од Штутгарт со 1:2.

Вердер Бремен си обезбеди опстанокФотографија: Getty Images

Фрајбург одигра извонредна сезона и со право може да се радува по  претпоследното коло. Со победата од 2:1 против Гројтер Фирт обезбедено е првпат место во Европскиот куп. Гројтер Фирт пак, веќе е на пат за напуштање на Бундеслигата.

Бремен останува во првата лига

Вердер Бремен успеа да се задржи во Бундеслигата. Со нерешениот резултат од 1:1 против Ајнтрахт Франкфурт, Вердер е 14. на табелата со 34 бода и веќе не може да биде престигнат од клубовите кои се зад него. Ајнтрахт Франкфурт со поразот падна на шесто место и доколку биде поразен во последното коло, нема веќе да може да излезе во Европа.

Стелиос Малезас од Фортуна Диселдорф очаен по поразот од НирнбергФотографија: picture-alliance/dpa

Хофенхајм речиси веќе и нема надеж дека ќе обезбеди опстанок во Бундеслигата. Претпоследниот на табелата загуби со 1:4 од Хамбургер, кој сега е седми и се‘ уште се надева на место во Европскиот куп.

Фортуна Диселдорф нема победено во последните 11 кола, а пораз е претрпен и од Нирнберг - 1:2. Со тоа Фортуна Диселдорф останува на 15. место и во последното коло може да биде претекната од Аугсбург.

Борусија Менхенгладбах по слабиот почеток на натпреварот против Мајнц, сепак, славеше победа од 4:2. Мајнц останува во средината на табелата.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми