1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бајерн Минхен чекор поблиску до Борусија (Д)

Симе Недевски/ЕМФ/дпа/сид/билд2 април 2012

Фудбалерите на Бајерн од Минхен зад себе оставија перфектна недела. Тие се со една нога во полуфиналето на Лигата на шампионите, а ја намалија и разликата до конкурентот за титулата во Бундеслигата.

Фотографија: dapd

Ако се суди според пишувањето на весникот „Билд“, баварците на крајот од оваа перфектна недела имаат уште една причина за задоволство. Во денешното издание, најчитаниот весник во Германија тврди дека Бајерн од Минхен наскоро ќе го продолжи договорот со својата супер-ѕвезда Арјен Робен. Конечниот потпис треба да биде ставен на крајот од месецот на средба меѓу раководството на тимот од една и Робен и неговиот татко, кој воедно е и советник на холандскиот крилен напаѓач, од друга страна. За порано потпишување на новиот договор до 2015 година, кој на Робен ќе му донесе месечна плата од 7 милиони евра, нема термин, со оглед дека Бајерн Минхен до 28 април има пред себе седум натпревари во Бундеслигата и во Лигата на шампиони, каде се очекува во вторник во Минхен да биде заверен пласманот во полуфиналето по победата на гостувањето во Марсеј со 2:0.

11. април - клучен ден за шампионската титула?

Дербито во есенскиот дел и со 1:0 во Минхен и припадна на БорусијаФотографија: dapd

А токму Робен со својот 11. гол сезонава му ја донесе на Бајерн важната победа од 1:0 на гостувањето во Нирнберг, со која минхенчани и‘ се проближија на водечката Борусија Дортмунд на само три поени разлика. Актуелниот првак во фантастичен натпревар против Штутгарт на домашен терен успеа да освои само бод. „Урнебесниот“ меч, по неколку промени на водството, заврши нерешено - 4:4.

Се‘ води кон тоа дека титулата ќе се решава во директниот дуел меѓу Бајерн и Борусија, кој ќе се одигра во Дортмунд на 11. април. Инаку, црно-жолтите од Дортмунд продолжуваат со успешната стратегија со која планираат на подолг рок да им бидат сериозни ривали на рекордерите по титули од Баварија во Бундеслигата. Во текот на изминатата недела Борусија објави дека го продолжила договорот со суперталентот на германскиот фудбал Марио Геце до 2016. година. Претходно беше склучен договор и со носителот на играта на Борусија Менхенгладбах, Марко Ројс. Неговиот актуелен тим полека потклекнува во трката за пласман во Лигата на шампионите и во последното коло го претрпе вториот пораз по ред овојпат на гостувањето во Хановер со 2:1.

Бајер Леверкузен се збогува од амбициите и од тренерот

Тренерот Робин Дут мораше да си замине од ЛеверкузенФотографија: picture alliance/dpa

Екипата на Шалке пак, со нерешените 1:1 на гости против Хофенхајм се зацврсти на третото место (54 поени) кое обезбедува директен пласман во Лигата на шампионите и ја зголеми предноста пред четвртата Борусија Менхенгладбах на 3 поени.

Потоа на табелата следуваат Хановер со 41 и четири тимови со по 40 бодови (Штутгарт, Бајер Леверкузен, Вердер Бремен и Волфсбург) кои до крајот веројатно ќе водат битка за пласман во Лига Европа.

Во последното коло Бајер Леверкузен дефинитивно се прости од амбициите за настап во Лигата на шампионите, но и од тренерот Робин Дут, кој го плати цехот за поразот од Фрајбург на домашен терен со 2:0 , што беше четврти пораз по ред за екипата.

Турканица на дното

Фудбалерите на Келн (во темно сини дресови) го слават голот на Лукас Подолски (во средина) кој не беше доволен да се избегне пораз во АугсбургФотографија: picture-alliance/dpa

Вердер исто така беше поразен дома од Мајнц со 3:0, а Волфсбург со победата против Херта во Берлин од 4:1 ја продолжи успешната серија од последните недели.

Извонредно напрегната е и борбата за опстанок. Половина од тимовите во лигата се и натаму кандидати за испаѓање. Единаесеттиот Мајнц има само пет бодови предност пред 16-от Келн, кој беше поразен на гостувањето од Аугсбург (14. место) со 2:1. Сигурен не е ниту Хамбургер (15. место) и покрај минималната победа (1:0) на гости против најзагрозениот тим од испаѓање од лигата Кајзерслаутерн (последно 18. место). Покрај Кајзерслаутерн, најлоши изгледи за испаѓање од лигата има и 17. Херта од Берлин. Во турканицата на дното се уште и Нирнберг ( 12.) и Фрајбург (13.).

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми