1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бајерн на чекор до осминафиналето на ЛШ

ЕМФ/дпа/макфакс5 ноември 2013

Бајерн Минхен вечерва (05.11) против Викторија Плзен ќе се обиде да издејствува предвремен влез во нокаут-фазата на Лигата на шампиони. Шанси имаат уште неколку екипи.

Фотографија: picture-alliance/dpa

Доколку рекордерот по титули во германската Бундеслига, Бајерн Минхен, ја постигне четвртата победа во групната фаза од Лигата на шампиони, влегува во осминафиналето. Меѓутоа, истовремено, Манчестер Сити на паралелниот натпревар не смее да загуби од ЦСКА Москва.

Бајерн Минхен пред две недели ја поведи Викторија Плзен со 5:0. „Нема да биде толку едноставно како што изгледа“, опоменува претседателот на клубот, Ули Хенес и потсетува дека чешкиот првак неодамна го победил ФК Јаблонец со 6:1.

Освен Бајерн Минхен, теоретски шанси да обезбедат пласман во нокаут-фазата имаат и Манчестер Сити и ПСЖ, како и Реал, кој денеска го игра дерби натпреварот против Јувентус. Со победа, Реал ќе си обезбеди пласман во следната рунда, што со голема веројатност ќе значи и елиминација на Јувентус. Италијанскиот шампион е далеку од посакуваната форма, а дополнителен проблем за тренерот Антонио Конте ќе биде и отсуството на Џорџо Кјелини, кој ќе паузира поради црвениот картон, кој го доби на дуелот помеѓу двата тима во Мадрид.

Еве ги натпреварите од ЛШ кои се на програмата денеска:

Група А:

Реал Сосиедад-Манчестер Јунајтед

Шахтјор-Бајер Леверкузен

Табела: Ман. Јунајтед 7, Бајер 6, Шахтјор 4, Реал С. 0

Група Б:

Копенхаген-Галатасарај

Јувентус-Реал Мадрид

Табела: Реал 9, Галатасарај 4, Јувентус 2, Копенхаген 1

Група Ц:

Олимпијакос-Бенфика

ПСЖ-Андерлехт

Табела: ПСЖ 9, Олимпијакос 4, Бенфика 4, Андерлехт 0

Група Д:

Ман.Сити-ЦСКА Москва

Викторија Плзен-Бајерн Минхен

Табела: Бајерн 9, Ман.Сити 6, ЦСКА 3, Викторија 0.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми