Бајерн не му даде шанса на Арсенал
20 февруари 2013Реклама
Фудбалерите на Бајерн Минхен ја оправда улогата на фаворит во дуелот со Арсенал и како гости забележаа победа од 3:1, со што речиси се пласираа во четвртфиналето во Лигата на шампиони.
Баварците на „Емирејтс“ во Лондон, доминираа во првиот дел кога со головите на Крос и Милер се стекнаа со предност од 2:0. Арсенал преку Подолски, која ја искористи грешката на голамнот Нојер намали во второто полувреме на 2:1, но надежите на „тобџиите“ дека можат да стигна до поволен резултат им ги уништи Манџукиќ со голот во 77. минута.
Португалскиот шампион Порто, против Малага, ја искористи предноста на домашниот терен и пред реваншот обезбеди минимална предност. Жоао Мутињо во 56. минута го постигна единствениот гол на натпреварот.