Поради пандемијата на коронавирусот, ЕУ се наоѓа во вистинска криза. Унијата ќе се распадне, поради недостаток на солидарност на северот, често се прогнозира деновиве. Но, до тоа нема да дојде, смета Зоран Арбутина.
Реклама
Со недели наназад секогаш одново се зборуваше за опасноста од пропаст на Европската унија. Сега, кога економиите на сите земји од ЕУ се погодени од корона-кризата, потребен е заеднички финансиско-политички одговор. Магичниот збор е солидарност, а неговото конкретизирање го носи името „корона-обврзници“ - старата идеја на еврообврзниците, едноставно прилагодена на тековната состојба и преименувана.
Побогатиот север од ЕУ, гласи барањето, треба да покаже солидарност со помалку богатиот југ на Унијата. Со цел економијата повторно да се придвижи, северот мора да се согласи на заеднички задолжувања. Во спротивно, постои ризик од - по избор: „смртна опасност“ за ЕУ, „раскол во еврозоната“, „почеток на крајот“ па дури и „распад“ на ЕУ,
Не е прва криза на ЕУ
Не е прв пат да биде дијагностициран ризик од распаѓање на ЕУ. Таков беше случајот и во бегалската криза од 2015/16 година и пред тоа во финансиската и должничка криза од 2008/09 година. И секогаш де земјите членки од северот и западот, де оние од југот, апелираа на солидарноста на другите. Притоа солидарноста воопшто не припаѓа кон конститутивните елементи на Европската унија.
Уште во никулците на европската интеграција, имено Европската заедница за јаглен и челик основана во 1950 година, централна точка беше економската соработка. Главна цел во тоа време беше обезбедување траен мир во Европа преку масовно вооружување, за кое би се користелел и ресурсите на поранешниот непријател на војната, Германија. Значи, клучните воени индустрии за јаглен и челик на сите вклучени земји беа ставени под заедничка контрола. Логиката гласеше: Ако зависите едни од други во производството и во трговијата, веќе не можете да водите војна меѓусебе.
Сите подоцнежни продлабочувања и проширувања на оваа заедница секогаш го следеа овој дух - од Европската економска заедница во 1957 година, создавањето на „Шенген зоната“ во 1985 година, Европската економска и монетарна унија во 1990 година до заедничкиот внатрешен пазар во 1993 година и Договорот од Лисабон, кој е во сила од 2009 година. Секогаш, во прв ред, стануваше збор за олеснување на прекуграничната трговија и деловно работење, воспоставување на заеднички правила и на тој начин обезбедување на слободно движење на стоките, услугите, луѓето и капиталот.
Едната Европа и другата
Солидарноста како цел на ЕУ не се појавува во овој концепт. Иако постојат различни - многу великодушно опремени - структурни и регионални фондови на ЕУ, од кои особено профитираат економски помалку развиените земји, сепак, нивната цел е изедначување на условите за производство и за живот во рамките на внатрешниот пазар. Иако на овие фондови може да се гледа како на акт на солидарност, тие првенствено се инструменти за економската политика во служба на пазарот.
Одлучувачко е дека од оваа економски ориентирана ЕУ од нејзиното основање (или пристапувањето) профитираат сите. Некои, се разбира, малку повеќе (на пример, Германија или Холандија), други нешто помалку. Но, на крајот на денот, секоја земја е во подобра состојба како членка на ЕУ отколку да беше надвор од неа. Настрана популистичките слогани и националистичката реторика - освен во Велика Британија, за овој факт насекаде во ЕУ постои консензус. Оттука и ретко виденото единство кога станува збор за преговорите за Брегзит - никој друг не сака да го напушти клубот. Значи, ЕУ како заедница на економски интереси, функционира.
Од Азија кон Европа: Походот на заштитните маски против коронавирус
Прво важеа за неефикасни и збунувачки, но се‘ повеќе земји во меѓувреме воведуваат правило за носење заштитни маски против ширењето на коронавирусот. За победоносниот поход на маските, започнат во Азија.
Фотографија: picture-alliance/dpa/U. Zucchi
Ракавици, мобилен телефон, заштитна маска
Дали и во Германија ќе се воведе обврска за носење заштитна маска? По консеквентната употреба во Азија, институтот Роберт Кох препорача нејзино носење и во Германија. Јена е првиот град кој ја водведе оваа мерка, од 6 април во супермаркетите и јавниот сообраќај таму таа е задолжителна. Како заштита се прифаќа и шал или марамче на устата.
Фотографија: Imago Images/Sven Simon/F. Hoermann
Подарок за пожарникарите
Со оглед на големиот недостиг на заштитни маски, луѓето и институциите се снаоѓаат и сами. На Јутјуб и на Твитер под хаштагот „maskeauf“ многумина демонстрираат колку е едноставно да се изработи маска. Меѓу нив е и професионалната шивачка од Државниот театар Котбус, Керстин Бохов. Маските кои ги изработува оваа костимографка се наменети за пожарникарската служба и за Црвениот крст во Германија.
Фотографија: picture-alliance/dpa/P. Pleul
Плетени маски
Уметничката Манша Фридрих плете маски за заштита од коронавирус. Нејзините маски се украсени со мотиви на насмеани лица, животни, сонце. Внатрешната страна на маските може да се менува. Уметничката од Хановер не дозволува корона-кризата да ѝ го расипе расположението.
Чешка и Словачка се отидени чекор понапред, таму уште на средината на март е воведена обврска за носење заштитни маски. Оној кој влегува во супермаркет или градски превоз, мора да носи маска. Словачката претседателка Зузана Чапутова и премиерот Игор Матович предничат со добар пример. И Австрија во меѓувреме воведе обврска за носење маски во супермаркет.
Фотографија: Reuters/M. Svitok
Будење на пролетта во Кина
Во Кина заштитните маски одамна се задолжителни за граѓаните. Оваа двојка, без оглед на кризата со коронавирус и ригидните контроли, не сака да се откаже од романтика. Двајцата занесено танцуваат на пролетното сонце и сигурно забораваат на сите останати околу себе.
Фотографија: AFP
Израел не дозволува исклучоци
И во Израел во сила се драстични ограничувања на движењето, кои ги воведе премиерот Бенјамин Нетанјаху, а се контролирани од полицијата и од војската. Кон нив мора да се придржуваат и ортодоксните Евреи. Во квартот Меа Шерим во Ерусалим, еден вооружен полицаец му наложува на својот ултраортодоксен сограѓанин да се прибере дома.
Фотографија: picture-lliance/dpa/I. Yefimovich
Уметност во Појасот Газа
Во густо населениот Појас Газа, уметниците се обидуваат да ги мотивираат граѓаните. Во квартот Шујаија, тие украсуваат заштитни маски со различни мотиви. Владата во Појасот Газа воведе ограничување за движењето на населението и забрана за одржување на сите манифестации. И т.н. „Марш на враќањето“, кој секоја година преку масовни протести се одржува на границата кон Израел, годинава е откажан.
Фотографија: Imago Images/ZUMA Wire/A. Hasaballah
Колумбиски „силници“
Во Колумбија на маските доминираат драстични и впечатливи мотиви. Вилиците на маските на двајцата полицајци се чини се инспирирани од колосот Хулк. Хулк е главната фигура во стрипот на Стен Ли и Џек Кирби, објавен во 1962 година. Приказната за неверојатниот Хулк е адаптирана во бројни филмови и серии.
Фотографија: AFP/L. Robayo
Макрон ќе се справува со недостигот од маски
Францускиот претседател посети фабрика за производство на заштитна облека и маски во Сент-Бартоломи д‘Анжу. Стотици лекари ја критикуваат владата што не набави доволни количини заштитна облека во време на епидемијата на коронавирус, но многумина од нив сепак работат, дури и без заштита. Емануел Макрон планира потребата од заштитна опрема да ја покрие со домашно производство до крајот на годинава.
Фотографија: Getty Images/AFP/L. Venance
9 фотографии1 | 9
Но, постои и втора Европа: имено „заедницата на вредности“, на која многумина често се повикуваат. Но, владеењето на правото, борбата против корупцијата или заштитата на човековите и малцинските права се пожелни, но не и конститутивни за ЕУ. Во многу земји-членки, тие се дел општествената свести - дури и без ЕУ. Во други, пак, не - и покрај ЕУ.
Европска реалност
Особено, оние вредности што се сметаат за релевантни за пазарот се заштитени на ниво на ЕУ. Затоа што никој не сака да прави бизнис со држава во која судовите зависат од дискреционото право на моќните. На пример, Унгарија, Полска и Хрватска покажуваат дека слободата на печатот, на пример, честопати е споредна. Таму, „европските стандарди“ честопати се толкуваат и се користат произволно.
Ова може да се види и во казните и механизмите за санкционирање: Додека кршењето на пазарните правила брзо се санкционираат со парични казни, во случај на прекршување на основните вредности, најчесто може да се очекуваат само емотивни критички забелешки во Европскиот парламент. И тие не мора да се применат туку и може само да се искаже заложба дека тое ќе биде променето. Но, таква е традиционална реалност во Европа.
Коронавирус: Туристички атракции без посетители
Поради коронавирусот морничава тишина владее на многу туристички знаменитости, особено во Италија, но и во други земји. Погледнете како изгледаат овие места сега без вообичаените турканици..
Туристичките атракции во Италија се особено погодени од кризата со коронавирусот. Целата земја е во карантин. Продавниците се затворени, туристите ја напуштија земјата. Плоштадот Свети Петар во Рим е затворен, музеите и знаменитостите веќе не се отворени за јавноста.
Фотографија: picture-alliance/dpa/Zuma/G. Galazka
Тивкиот Милано
На северот на Италија, само големи групи гулаби се осмелуваат да излезат на улиците. Катедралата во Милано се извишува осамена и напуштена кон небото. Во Италија има полициски час на национално ниво. На луѓето им е дозволено да ги напуштат своите домови само кога одат на работа или кога одат да купат неопходни намирници.
Фотографија: picture-alliance/dpa/AP/L. Bruno
Празни места во Мадрид
По Италија, Шпанија е втората европска земја која е најпогодена од кризата со коронавирусот. Досега нема прогласено полициски час. Плоштадот Махор, обично пулсирачкиот центар на Мадрид е празен. Огромниот плоштад обично го посетуваат стотици илјади туристи секоја година. Во околината има повеќе од 3.000 ресторани, барови, кафулиња и таверни.
Жителите на Австрија, исто така, не можат веќе слободно да се движат. Од вторникот (18. март 2020) сите пабови и ресторани, покрај останатото, се затворени. Обележјето на Виена - катедралата Свети Стефан- е затворена за посетители, црковните служби се одвиваат без верници и се емитуваат на радио. И вообичаено многу посетениот плоштад пред катедралата е празен.
Карловиот мост во Прага вообичаено е преполн. Обележјето на градот сега е тивко. Чешката Република прогласи вонредна состојба поради кризата со коронавирусот и воведе широка забрана за влез и излез од земјата. Сите прекугранични транспортни врски со возови и со автобуси, исто така, се запрени. Слободата на движење на жителите е строго ограничена.
Фотографија: picture-alliance/dpa/AP/D. Josek
Франција во вонредна состојба
Претседателот на Франција рече дека земјата е во војна против коронавирусот. А министерот за внатрешни работи ги нарече „воени сојузници“ сите оние кои сега остануваат дома. Онаму каде што обично се разминуваат илјадници луѓе - Ајфеловата кула или Лувр во Париз - деновиве ретко може да се види некој.
Фотографија: picture-alliance/abaca/E. Blondet
Берлинските знамениости затворени
Берлин е сѐ попразен, иако сè уште не е прогласен полициски час. Знаменитостите како Рајхстагот се затворени. Театрите и музеите, исто така. Туризмот е ставен на пауза во Германија. Хотелите и останатото сместување сега можат да се користат само за „неопходни и исклучиво нетуристички цели“.
Фотографија: picture-alliance/dpa/M. Kappeler
Туризмот во режим на спиење
Дури и јавните знаменитости се празни. На улиците има само неколку туристи, како кај Бранденбуршката порта. Но, дури и ако сега има целосно чист поглед на обележјето на Берлин, посетата и не е баш забавна.
Фотографија: picture-alliance/dpa/P. Zinken
8 фотографии1 | 8
Солидарност - но, колку?
Солидарноста е една од овие идеални вредности. Има и фонд за солидарност во ЕУ. Создаден е по катастрофата од поплави во 2002 година, со цел да се обезбеди финансиска помош за обнова во случај на големи природни непогоди.
Корона-обврзниците, меѓутоа не се дел од овој договор. Како и да е, може да се расправа дали заедничките долгови се вистинскиот инструмент за справување со последиците од кризата, или можеби има други опции кои се исто толку ефикасни - но вклучуваат помалку ризици. Погрешно е да се дискутира за ова во моралната категорија на солидарноста. Без оглед за тоа што ќе се одлучи на крајот - ЕУ нема да се распадне по прашањето за корона-обврзниците.