Бајрамска прослава во Гетинген го прошири коронавирусот
ЖА /ДВ | агенции
4 јуни 2020
На прославата на Бајрам во неколку семејства во Гетинген дојде до ширење на коронавирусот. Бројот на заразени во градот и околината нагло се искачи на преку сто. Граѓаните се лути, зашто тоа носи нови рестрикции.
Реклама
На семејните прослави по повод Рамазан на 23 мај во Гетинген очигледно се кршени прописите за хигиена и физичка дистанца, па дојде до нагло ширење на коронавирусот. Последица – 86 заразени во самиот град и уште 18 во околината. Се претпоставува дека бројките ќе растат.
Поради тоа е одреден карантин за неколку стотини лица кои биле во контакт со заболените. Три лица се наоѓаат на болничко лекување, едно е на респиратпр. Оваа недела ќе бидат тестирани уште 600 до 700 станари на комплекс згради во Гетинген во кои се одржувале семејните прослави. Заразата се шири и надвор од градското подрачј, зашто многу гости допатувале од околината, па и други делови од Германија. Еден ученик во училиштето раскажал дека членовите на неговото семејство се прегрнувале и раувале при средбата. Од градската управа соопштја дека поголем дел од учесниците во прославата потекнуваат од земји од бивша Југославија. Полицијата не сака да дава конкретни изјави за семејствата.
Комплексот згради каде живеат заразаените веќе неколку дена е под опсада на новинари, што очигледно не им се допаѓа на некои станари. Вчера беше нападнат тим на приватна телевизија. „Луѓето се закануваа дека ќе ни ја уништат опремата", изјави снимателот Фестим Беќири. „Освен тоа, од балконите нѐ гаѓаа со компири".
Можен дополнителен извор на зараза е и еден наргиле-бар кој бил отворен во неделата, без оглед на забраната. Таму повеќе луѓе пушеле наргиле со ист пластичен дел.
Поради наглото ширење на епидемијата, градските власти до идниот понеделник ги затворија сите училишта и пет детски градинки, зашто меѓу инфицираните има повеќе деца и младинци. По повторното отворање, ќе биде воведена обврска за носење заштитни маски. Тоа пак кај многу родители и директори на училишта предизвика бран незадоволство, зашто училиштата дури неодамна беа повторно отворени по долго време. „Застрашувачки е што има луѓе кои мислат дека за нив не важат правилата или дека за нив под одредени услови тие се ставени вон сила", изјави Ларс Хумрих, директор на едно училиште.
Од Азија кон Европа: Походот на заштитните маски против коронавирус
Прво важеа за неефикасни и збунувачки, но се‘ повеќе земји во меѓувреме воведуваат правило за носење заштитни маски против ширењето на коронавирусот. За победоносниот поход на маските, започнат во Азија.
Фотографија: picture-alliance/dpa/U. Zucchi
Ракавици, мобилен телефон, заштитна маска
Дали и во Германија ќе се воведе обврска за носење заштитна маска? По консеквентната употреба во Азија, институтот Роберт Кох препорача нејзино носење и во Германија. Јена е првиот град кој ја водведе оваа мерка, од 6 април во супермаркетите и јавниот сообраќај таму таа е задолжителна. Како заштита се прифаќа и шал или марамче на устата.
Фотографија: Imago Images/Sven Simon/F. Hoermann
Подарок за пожарникарите
Со оглед на големиот недостиг на заштитни маски, луѓето и институциите се снаоѓаат и сами. На Јутјуб и на Твитер под хаштагот „maskeauf“ многумина демонстрираат колку е едноставно да се изработи маска. Меѓу нив е и професионалната шивачка од Државниот театар Котбус, Керстин Бохов. Маските кои ги изработува оваа костимографка се наменети за пожарникарската служба и за Црвениот крст во Германија.
Фотографија: picture-alliance/dpa/P. Pleul
Плетени маски
Уметничката Манша Фридрих плете маски за заштита од коронавирус. Нејзините маски се украсени со мотиви на насмеани лица, животни, сонце. Внатрешната страна на маските може да се менува. Уметничката од Хановер не дозволува корона-кризата да ѝ го расипе расположението.
Чешка и Словачка се отидени чекор понапред, таму уште на средината на март е воведена обврска за носење заштитни маски. Оној кој влегува во супермаркет или градски превоз, мора да носи маска. Словачката претседателка Зузана Чапутова и премиерот Игор Матович предничат со добар пример. И Австрија во меѓувреме воведе обврска за носење маски во супермаркет.
Фотографија: Reuters/M. Svitok
Будење на пролетта во Кина
Во Кина заштитните маски одамна се задолжителни за граѓаните. Оваа двојка, без оглед на кризата со коронавирус и ригидните контроли, не сака да се откаже од романтика. Двајцата занесено танцуваат на пролетното сонце и сигурно забораваат на сите останати околу себе.
Фотографија: AFP
Израел не дозволува исклучоци
И во Израел во сила се драстични ограничувања на движењето, кои ги воведе премиерот Бенјамин Нетанјаху, а се контролирани од полицијата и од војската. Кон нив мора да се придржуваат и ортодоксните Евреи. Во квартот Меа Шерим во Ерусалим, еден вооружен полицаец му наложува на својот ултраортодоксен сограѓанин да се прибере дома.
Фотографија: picture-lliance/dpa/I. Yefimovich
Уметност во Појасот Газа
Во густо населениот Појас Газа, уметниците се обидуваат да ги мотивираат граѓаните. Во квартот Шујаија, тие украсуваат заштитни маски со различни мотиви. Владата во Појасот Газа воведе ограничување за движењето на населението и забрана за одржување на сите манифестации. И т.н. „Марш на враќањето“, кој секоја година преку масовни протести се одржува на границата кон Израел, годинава е откажан.
Фотографија: Imago Images/ZUMA Wire/A. Hasaballah
Колумбиски „силници“
Во Колумбија на маските доминираат драстични и впечатливи мотиви. Вилиците на маските на двајцата полицајци се чини се инспирирани од колосот Хулк. Хулк е главната фигура во стрипот на Стен Ли и Џек Кирби, објавен во 1962 година. Приказната за неверојатниот Хулк е адаптирана во бројни филмови и серии.
Фотографија: AFP/L. Robayo
Макрон ќе се справува со недостигот од маски
Францускиот претседател посети фабрика за производство на заштитна облека и маски во Сент-Бартоломи д‘Анжу. Стотици лекари ја критикуваат владата што не набави доволни количини заштитна облека во време на епидемијата на коронавирус, но многумина од нив сепак работат, дури и без заштита. Емануел Макрон планира потребата од заштитна опрема да ја покрие со домашно производство до крајот на годинава.
Фотографија: Getty Images/AFP/L. Venance
9 фотографии1 | 9
Претстои одлука за казнување
Вирусот е откриен и кај лице вработено во старечки дом, па и таму ќе биде спроведено масовно тестирање.
На рок од две недели повторно се забранети и тренинзи на сите тимски спортови, како и кај оние каде доаѓа до непосреден контакт, на пример кај борењето. Затворен е и еден градски базен.
Засега не е дефинитивно дали ќе постои и правна одговорност за наглото ширење на коронавирусот. Моментно е најважно да се ограничи неговото распространување, изјави градоначалникот Ролф-Георг Келер и додаде: „Кога ќе имаме повеќе време, ќе решиме против кого ќе покренеме прекршочна постапка, а против кого кривична пријава."
Само за споредба, бројот на новозаболени во изминатите седум денови на 100.000 жители во Гетинген изнесуваше само 21,6, а во целата покраина Долна Саксонија – 5,4.