1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бања Лука поблиска од Сараево

Драган Максимовиќ
4 април 2017

По победата на Вучиќ на претседателските избори во Србија, не се очекуваат промени во односите кон БиХ и регионот. Политиката на Белград ќе остане иста, зашто се очекува целата власт да биде во рацете на еден човек.

Serbien Prsäidentenwahl Milorad Dodik und Aleksandar Vucic in Belgrade
Милорад Додик и Александар ВучиќФотографија: Reuters/A. Bronic

Босна и Херцеговина по секои избори во Србија и во Хрватска ги исчекува резултатите, за да дознае на каков начин новата власт, новиот кандидат, ќе влијае врз политичката клима во БиХ. Како гаранти на Дејтонскиот мировен договор, двете земји, односно нивните лидери, имаат силно влијание, посебно во српскиот, односно хрватскиот корпус во БиХ.

Потребно е подобрување на односите

Нема причина да биде поинаку ни овојпат, иако за граѓаните овие „големи“ спогодби и односи се само уште една буква на хартија. Истото важи и за Бошко Стоисављевиќ од Сараево, државјанин на Србија, кој на денот на претседателските избори во Србија, беше дојден на гласачкото место во Генералниот конзулат во Бања Лука.

„Дојдов да гласам, не можам да ви кажам дали очекувам промени или не, треба да ни биде подобро. А дали ќе биде подобро, зависи од луѓето на функции. Потребно е подобрување на односите меѓу Србија и БиХ, тоа е важно.“

Сигурно нема да има поголемо свртување во политиката на Србија кон БиХ, но и кон целиот регион. На дневен ред се многу потешки теми од оние дневнополитичките, а за тоа ќе треба очигледно многу повеќе отколку демагогијата ширена досега и користена во рамките на регионалната политичка соработка. Во секој случај, односот на Србија кон БиХ ќе остане ист, вклучувајќи ги и односите кон властите во Бања Лука, посебно сега, зашто целата власт ќе биде сконцентрирана на едно место.

Извршната власт во Србија и влијанието врз БиХ

„Ќе биде почитуван Дејтонскиот договор, тука нема дилема, Република Српска, но и територијалниот интегритет на БиХ. Но, до овие избори беше недвојбено дека Србија ќе продолжи со процесот на европски интеграции и дека ќе ги забрза. Сега се поставува прашањето кој ќе ја контролира извршната власт. Оној кој што ќе ја контролира, ќе има решавачко влијание и врз политиката кон БиХ. Во овој момент не е извесно дека ќе дојде до потребни промени во политиката кон БиХ“, вели аналитичарот од Белград, Душан Јањиќ.

Слично мислење преовладува и кај најголем дел од јавноста. Суштината е власта во Бања Лука да ја поддржува власта во Белград, која пак исто така не се одрекува од поддршката на влијателните политички групи во Бања Лука. Според ова правило функционираат односите со Република Српска, но овде станува збор за прашањето за комплетниот однос, односно односот кон БиХ. Тој нема да се менува, без оглед што поддршката на Александар Вучиќ кон претседателот на Република Српска, Милорад Додик, изостана во клучните моменти, како во врска со одржувањето референдум. Суштината е што ништо не се менува, вели Милош Шолаја, директор на Центарот за меѓународни односи од Бања Лука: „Од самиот почеток на распадот на Југославија и постјугословенската криза, односите меѓу Србија и српскиот политички корпус во БиХ беа коректни. Србија е најголем сојузник на Република Српска, но и гарант на стабилноста на БиХ. Значи, без оглед дали некој дава поинакви изјави во изборната кампања, таа политика никогаш не се менуваше.“

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми