1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бебиња во Берлин уживаат во класика

Керстин Тице/ Симе Недевски27 март 2013

Германската опера во Берлин еднаш месечно се претвора во играчница од јоргани и перници. Бебињата и нивните родители доаѓаат тука да слушаат получасовни концерти на класична музика.

Фотографија: DW

Toa не е група бебиња во јасли, туку концерт на класична музика во опера, поточно во Германската државна опера во Берлин. Моцарт, Бах и Бетовен ги поттикнуваат малите посетители да ја претвораат музиката во движења. Со малку фантазија ќе препознаете и идни диригенти. Во публиката се главно мајки, но се наоѓа и по некој татко. Концертот на класична музика за дечињата трае 30 минути.

„Многу ми се допадна, а мислам дека и на ќерка ми и’ се допадна. Многу се радуваше и аплаудираше. Ова би го препорачала на сите.“

„Колку што забележав, децата гледаа во инструментите, а по малку и слушаа - колку е тоа можно.“

Вакви концерти за бебиња во меѓувреме има во многу оперски куќи во Германија. Во берлинската опера се одржуваат еднаш месечно.

„Ако не започнете многу, многу рано кај детето да будите фасцинација за музика, опера и театар, тоа нема да успеете ни кога ќе стане возрасен човек.“, вели Дитмар Шварц, директор на Германската опера -Берлин

Но, на ваквите концерти не треба да се гледа толку педагошки.

„Тоа не е универзитет за бебиња, ниту рано поттикнување, туку едноставно им се допаѓа и на бебињата и на родителите. Зошто тогаш да не се прави?“

Интересот за концертите е голем. А и разбирливо е - конечно, и Моцарт започнал да музицира од мали нозе.


Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми