1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

На Кос врие

Јан Фриче/сн12 август 2015

На грчкиот остров Кос дојде до судири меѓу полицијата и бегалците. Секој ден таму доаѓаат стотици нови бегалци. Прифатните домови се преполни, а за жителите и властите на островот сето тоа е преголем залак.

Фотографија: Getty Images/AFP/A. Tzortzinis

Бегалската криза во Европа станува сѐ полоша. Секој ден стотици бегалци од конфликтните региони, како Сирија и Авганистан пристигнуваат на островите во источниот дел на Егејското море. Состојбата е особено драматична на островот Кос, кој е популарна туристичка дестинација.

Вака тие не си ја замислуваа Европа. Всушност бегалците од кризните земји како Сирија и Авганистан на Кос само чекаат на своите патни документи, за да заминат понатаму кон западна Европа.

Малкуте полицајци на островот се целосно преоптоварени. Со апарати за гаснење пожар и со дрвени палки се обидоа да ги растурат насобраните луѓе.

Погледнете го видео-прилогот на оваа тема:

„Ова ли е Европа?“

01:48

This browser does not support the video element.

Стотици бегалци доаѓаат на островот Кос , од ден во ден, притоа речиси немаат што да јадат а и местата за спиење се премалку

„Немам пари. Ве молам помогнете ми. сакам да си одам, не сакам да останам во Грција. Сакам да одам во Европа. Јас сум Сиријка, ние имаме големи проблеми“, извикува една разлутена бегалка.

Многу бегалци мораат со недели да спијат на отворено. Вчера властите се обидоа да ги однесат на фудбалскиот стадион на островот. Во метежот на толпата дојде до судири.

„Овде не гледам дека сме во Европа. Гледам дека сме во земја од третиот свет. Нема тоалети, нема вода. Луѓето чекаа повеќе од 10 дена. Што да кажам, ова ли е Европа? Ако ова е Европа, тогаш се вражаме во Сирија.“, вели еден бегалец.

Сѐ повеќе мигранти деновиве доаѓаат во Грција. Околу 124 илјади луѓе само годинава пристигнаа на островите на истокот на Егејското море. Осумкратно повеќе од истиот период лани. Атмосферата на островот Кос се заострува. Градоначалникот предупредува од можно крвопролевање.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми