Бегалска драма со шест загинати кај Сицилија
10 август 2013При бегалска драма пред сицилијанскиот брег загинале шест лица. Телата на удавените бегалци биле откриени на една туристичка плажа кај Катанија. Се претпостоставува дека загинатите се Сиријци. Крајбрежната стража спровела акција за спасување на 50-на други имигранти кои како што се претпоставува на мал рибарски брод пристигнале од Сирија, јавуваат локални медиуми.
Не се знае од кое пристаниште тргнале имигрантите за кои се верува дека ги имало околу 120 меѓу нив и голем број деца, но според локален претставник.
Италијански медиуми известуваат дека шестте жртви се луѓе кои не знаеле да пливаат и се удавиле, обидувајќи се да стигнат до копно откако бродот со кој пловеле заринкал во песокот на околу 15 метри од брегот. Во ноќта меѓу вторникот и средата инаку веќе беа спасени стотина илегални доселеници од Сирија пред брегот на италијанската покраина Калабрија.
Секоја година десетици илјади луѓе од Африка се обидуваат преку Средоземното Море да стигнат до Европа.