1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бегалска криза: паника и хаос во Словенија

Л. Шолтисек/бг22 октомври 2015

Ескалира состојбата на балканската рута. На словенечко-хрватската граница горат и бегалските шатори. Словенците се жалат дека состојбата излегува од контрола

Фотографија: picture-alliance/AP Photo/D. Bandic

Уште само 500 метри до Австрија и конечно можат да тргнат. Одвреме навреме во Словенија се отвора границата- но само неколку стотина бегалци можат да минат.

„Гледате колкава турканица е тука. Не се туркам поради страв за децата. Што да правам? Ова треба подобро да се организира“, вели Абдул Рахман, бегалец од Ирак.

Целото видео погледнете го тука:

Бегалска криза: паника и хаос во Словенија

01:53

This browser does not support the video element.

Словенија е порта кон западна Европа за бегалците. А доаѓаат сѐ повеќе. Кога границата е затворена мораат да чекаат. Околу 3 илјади луѓе минуваат низ овој камп во близина на Австрија секој ден.

„Вчера распределбата на храна беше прекината затоа што одеднаш дојдоа 800 луѓе. Навистина сум загрижен како ќе се справуваме со состојбата во иднина“, вели Ајојзиј Ковачич од локалниот Црвен Крст.

Речиси сите во кампот зад себе оставиле долг пат. А нивните главни цели, Германија или Скандинавија сѐ уште се далеку.

„Ни рекоа дека патувањето е многу кратко и нема мака. Сега откривам дека е многу долго и многу сум изморена. Не знам што не очекува“, вели Хеба Ексам, бегалка од Сирија.

Само малкумина успеаја да минат, а потоа границата се затвора. Останатите мораат да чекаат- додека и ним не им биде отворен патот кон Австрија.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми