Бегалците умираат поради студот во Европа и владите мора да сторат повеќе за да им помогнат, побара денеска УНХЦР.
Реклама
Од студот особено се загрозени слабите, немоќните и децата. „Децата на вакво време се особено подложни на респираторни болести. Треба да се спасуваат животи, а не да се зборува за црвени линии и придржување до бирократските процедури“, изјави во Женева портпаролката на УНИЦЕФ, Сара Кроу.
Според портпаролката на Високиот комесаријат за бегалци (УНХЦР), Сесил Пуји, досега има петмина починати, а околу илјада луѓе, меѓу кои и деца, се сместени во незагреани шатори и домови за бегалци на грчкиот остров Самос. Таа повика овие луѓе да бидат преместени во сместувалишта во континентална Грција.
Во Србија околу 80 проценти од 7.300 бегалци, баратели на азил и други мигранти се сместени во загреани сместувалишта, но околу 1.200 лица и натаму спијат на отворено.
Телата на двајца мажи од Ирак и млада Сомалијка беа пронајдени во близина на турската граница со Бугарија, а двајца сомалиски тинејџери, по пет дена минати во шумите, се пренесени во болница со смрзнатини, информираше Пуји во Женева.
„Со оглед на тешките зимски услови, особено сме загрижени од извештаите дека властите во сите земји долж Балканската рута продолжуваат да ги враќаат бегалците и мигрантите назад, на терирторија на соседните земји“, рече Пуји.
Југоисточна Европа во канџите на зимата
Спортистите се радуваат, но луѓето без покрив над главата и греење се загрозени од снегот и мразот. Повеќе од 70 луѓе веќе починаа поради студ. Прогнозите велат - мало зголемување на температурите, а потоа повторно студ.
Фотографија: Reuters/B. Szabo
Ослободена од мразот
Студот ги погаѓа и луѓето и животните. Оваа птица беше замрзната во Дојранско Езеро. Без помошта на рибарите беше соочена со смрт.
Фотографија: Reuters/O. Teofilovski
Ни трага од променадата
Променадата во Солун: некаде зад уличните фенери би требало да биде и морето. Додека снегот на југот на Грција веќе е истопен, на северот е студено како што не било со децении.
Фотографија: Reuters/A. Avramidis
Во ред за топол оброк
На Балканот без доволна заштита од студот се и многу бегалци. Според хуманитарните организации, во Белград под отворено небо на температури под нулата спијат повеќе од 1200 бегалци.
Фотографија: Reuters/M. Djurica
Студот убива
Поради студот од почетокот на годинава само во Полска починаа најмалку 27 луѓе. Тие или замрзнале поради екстремно ниските температури, или починале од труење со јаглерод моноксид, поради тоа што за греење се пали сѐ и сешто.
Фотографија: picture-alliance/NurPhoto/J. Arriens
Санти мраз меѓу Будим и Пешта
Убавата страна на студот - унгарскиот парламент во вечерно светло, додека замрзнатиот Дунав тече меѓу Будим и Пешта. Она што ги восхитува туристите, им е кошмар на сиромашните. Министерството за внатрешни работи соопшти дека со дрва за греење снабдило 185.000 унгарски семејства во нужда.
Фотографија: Getty Images/AFP/A. Kisbenedek
Пауза за топовите за снег
Речиси невообичаена слика: нов снег кој не доаѓа од топови за снег. Во скијачкиот регион Цаухензе кај Салцбург луѓето се радуваат на зимата и снегот. Во Австрија и јужно од нејзе и наредната недела треба да биде ужасно студено.