1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

БЕГ од понеделник ќе остане без лиценца за струја

ДТЗ
16 јуни 2022

Регулаторната комисија за енергетика утре ќе одржи подготвителна седница на чиј дневен ред е предлог-одлуката за престанок на важење на лиценцата на Балкан Енерџи за производство на топлинска енергија во Градот Скопје.

Symbolbild Steigende Energiepreise
Фотографија: Hauke-Christian Dittrich/dpa/picture alliance

БЕГ од понеделник ќе остане без лиценца за производство на струја. Регулаторната комисија за енергетика в петок ќе одржи подготвителна седница на чиј дневен ред е предлог – одлуката за престанок на важење на лиценцата на Балкан Енерџи за производство на топлинска енергија во Градот Скопје. За в понеделник е закажана главната седница на РКЕ на која треба да се усвои конечната одлука. 

Како што веќе пишуваше Дојче веле, ваквата одлука ќе се носи откако беше побарано  престанок на важење на лиценцата поради неможноста за понатамошно нормално функционирање, кредитна неспособност и неможност да ги обезбеди потребните финансиски средства за продолжување на работата во новата грејна сезона.  

Министерот за економија Крешник Бектеши дека лиценцата на БЕГ ќе оди на тендер, а доколку не се јави ниту една приватна компанија управувањето со производството на топлинска енергија ќе го преземе ЕСМ. Откако не се исполнија очекувањата дека градот Скопје ќе го преземе управувањето со фирмата која обезбедува греење за Скопјани, Бектеши оцени дека  градоначалничката Данела Арсовска нема капацитет да го реши проблемот со парното греење во Скопје. 

Арсовска на социјалните мрежи му порача на Бектеши дека БЕГ е проблем на Владата.  „Навистина е жално што Бектеши чека од Град Скопје да му ги реши проблемите. Градот Скопје нема законска обврска да му ги решава проблемите на Бектеши. И наместо да си бара „жртви“ за сопствената неспособност, да најде начин како да им излезе во пресрет на граѓаните кои живеат на раб на сиромаштија заради неговите „успешни“ економски политики“, вели Арсовска.

Решение до почетокот на грејната сезона  

БЕГ има лиценца за снабдување на топлинска енергија до крајот на 2022, а за производство и дистрибуција уште 25 години, односно до 2047 година. Во РКЕ сметаат дека компанијата повеќе не ги исполнува условите под кои ја добила лиценцата за производство.

Прашање е што ќе се случува понатаму и кој ќе го преземе производството на топлинската енергија за граѓаните на главниот град. БЕГ има три лиценци: за производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија. 

„Во моментот кога ќе ги одземеме лиценците ќе ја информираме Владата и согласно Законот за енергетика Владата е должна да распише тендер на кој ќе треба да се најдат нови вршители на енергетската дејност. За одземањето на лиценците нема да има реперкусии - ниту граѓаните, ниту индустријата нема да плаќаат ниту еден денар“, изјави во понеделникот (31.06) првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски. До именувањето на новиот вршител на енергетска дејност, постојните компании на БЕГ се обврзани да ја вршат дејноста.

„Сигурен сум дека се ќе заврши пред почетокот на грејната сезона. Не можам да кажам колку ќе трае тендерот, но верувам дека од октомври БЕГ нема повеќе да ги грее скопјани“, изјави Бислимоски.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми