1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

БЕГ под „принудна управа“ до крајот на грејната сезона

ДТЗ
14 јануари 2022

Владата преку ЕСМ ќе управува со БЕГ до крајот на грејната сезона, за да го стабилизира пазарот на топлинска енергија.

Symbolbild Steigende Energiepreise
Фотографија: Hauke-Christian Dittrich/dpa/picture alliance

Жителите на Скопје утре ќе се разбудат со топли радијатори, а парно греење ќе имаат непречено и до крајот на грејната сезона. Ова е ветувањето што вечерва (14.01.2022) го испратија владини преставници на прес-конференција на која што информираа како ќе се надмине проблемот со парното затоплување, откако БЕГ најави дека нема повеќе гас за затоплување на главниот град. 

Министерот за економија, Крешник Бектеши вели дека проблемот е решен и ќе има непрекината испорака на парно греење. Тој информираше дека Владата усвоила уредба за критериумите и условите за прогласување кризна состојба на пазарот на топлинска енергија, во чиј составен дел ќе биде и обезбедување финансиски средства за субвенционирање на сметките за топлинска енергија на граѓаните.  Планот е Владата преку ЕСМ да го стабилизира пазарот на топлинска енергија. Според Бектеши, ЕСМ и ТЕ-ТО потпишале договор за да може ЕСМ да управува со БЕГ. 

Вчера Владата донесе одлука со која што побара од ТЕ-ТО да снабдува електрична енергија и пареа како енергенс за БЕГ во временски период од 5 часот наутро до 1 часот по полноќ. Откако ТЕ-ТО ја прифатило вчершната одлука на Владата, најавите се дека од 22 часот ќе почне да испорачува електрична енергија кон ЕСМ, со што  ќе обезбеди дополнителна топлинска енергија за граѓаните. Тоа ќе продолжи до крајот на грејната сезона.

Претседателот на Регулаторната комисија на енергетика (РКЕ), Марко Бислимовски вели дека во наредниот период ќе има одлука за реалната цена на топлинската енергија. Покрај владината помош, тој упати апел и до Град Скопје и до општините да помогнат со издвојување на финансиски средства, со што ќе дадат поддршка и ќе покажат елементарна солидарност во услови на енергетска криза. Неговите прогнози се дека кризата ќе заврши само со 14 отсто поскапување. 

Ваквиот расплет на настаните следи откако деновиве имаше јавни превирања за тоа каде припаѓа одговорноста за решавањето на овој проблем, со оглед на тоа дека обезбедувањето на топлинска енергија е јавна комунална обврска на Градот Скопје.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми