1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Безвизниот режим под лупа

9 јуни 2011

Мешовитиот комитет на ЕУ, заедно со Норвешка, Исланд, Лихтенштајн и Швајцарија, денеска (09.06) под лупа ќе го стави предлогот за измена на правилата за слободен визен режим со земјите од Западниот Балкан.

Фотографија: picture-alliance/chromorange

Членовите на Мешовитиот комитет во Луксембург на располагање ќе имаат четири часа да ги слушнат мерките кои ги предлага Европската комисија за контрола на безвизниот режим со земјите од Западниот Балкан. Според дипломатски извор на Дојче Веле, спектакуларни одлуки не треба да се очекуваат. Комисијата ќе го претстави извештајот за ситуацијата со барателите на азил од последниве месеци. Во него ќе се најдат и мерките кои ги преземаат матичните држави на барателите на азил. Меѓу нив е и Македонија, а ќе бидат претставени и финансиските трошоци кои за згрижување на барателите на азил ги имале државите на ЕУ. Ќе се дискутирта и за механизмите за контрола од кои ќе зависи во кои ситуации ќе може слободниот визен режим да се суспендира.

„Невозможно е македонските државјани да бараат азил во европските земји, иако дефинитивно политички не се прогонети! Овој проблем во Унијата е јасно согледан. Во 2010 година, во ЕУ имаше над 7.500 баратели и само во Германија 3.500. Поголемиот број барања беа одбиени, зашто стануваше збор за злоупотреба на правото на азил, што значи немаше правна основа за ваквите барања и имаше големи трошоци на товар на државите. 50 проценти од барателите од Македонија, но и од Србија и другите држави, критички се разгледани и одбиени “, изјави за Дојче Веле Моника Холмајер, пратеник од редовите на Христијанско-социјалната унија во Европскиот парламент, која посебно се занимава со политиката на азил.

Македонските баратели на азил не се политички прогонети - Моника ХолмајерФотографија: AP

Одлуките на Комисијата околу можното суспендирање на безвизниот режим, без сомнение со отворени очи се следат од Македонија, зашто пред се’ би ги погодило оние кои „ни криви, ни должни“, би го загубиле правото на слободно патување. Холмајер коментира:

„Ослободувањето од визи се однесува на младите луѓе, на туристите, на деловните луѓе, но не и за искористување на право на азил. Затоа и самите држави сносат одговорност околу слободата на патувањето. На безвизниот режим треба да се гледа разумно и да се следи, за да не се повторат работи какви што се случуваа.“


Автор: Силвера Падори-Кленке

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми