1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Безвременски: Мерцедес- Бенц 600

Еберхард Ројс/Б. Георгиевски28 октомври 2013

Еден од најславните модели на автоконцернот од Штутгарт ја прослави својата 50. годишнина. Мерцедес- Бенц 600 на компанијата не и‘ донесе голема финансиска корист, но беше бесценет за нејзиниот имиџ.

Фотографија: imago/Sebastian Geisler

Автомобил со аура на моќ - дури и по 50 години: Мерцедес- Бенц 600. Премиерата ја доживеа на меѓународниот саем на автомобили во Франкфурт во 1963 година. Луксузен автомобил, чии сопственици ретко го возеа и се препуштаа на задоволството да бидат возени.

Во 60. и 70. години од минатиот век лимузината беше омиленото репрезентативно возило за шефовите на држави и славните личности. Гостите, како кралицата Елизабета, беа одлична реклама за концернот од Штутгарт. Притоа, тоа беше и најскапиот автомобил дотогаш произведен во Германија. Цената од 49 илјади германски марки беше петкратно повисока од тогашниот просечен годишен приход. Луксузната, Пулман верзија, чинеше 175 илјади марки.

„Автомобилот беше пред своето време. Имаше воздушна амортизација, автоматско регулирање на звукот и многу технички решенија, кои беа дотогаш непознати. Возењето беше неверојатно“, вели Клаус Ото Мајер, од Карл Бенц музејот во Ладенбург.

Кралот Хусеин од Јордан во 1964. лично допатува во фабриката во Штутгарт за да го тестира и да го купи моделот. Но германските раководители не го прифаќаа како службено возило - лимузината беше премнога монденска и прескапа. Винфрид Зајдел од од Карл Бенц музејот во Ладенбург објаснува:

„Автомобилот беше рачно изработуван. Самите работници го произведуваа Мерцедес- Бенц 600“.

Во 1981. производството беше запрено. Севкупно беа произведени 2.677 примероци.

„Секој кој држеше до себе, од политиката, економијата, некогаш и од другите професии, имаше Мерцедес 600“, вели Винфрид Зајдел. Последниот примерок го купи шоуменот Удо Јиргенс.

„Кога некој ќе каже дека ова е автомобил за стари господа, треба уште еднаш да го погледне возилото и мислам дека ќе биде убеден во спротивното. Јас досега не сум видел поубав автомобил“, изјави тогаш Удо Јиргенс.

И папата Павле 6. имаше еден, исто како и петкратниот првак во Формула 1, Хуан Мануел Фанџо. Мерцедес-Бенц 600 не му донесе финансиски успех на концернот, но за имиџот на компанијата беше бесценет.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми