1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Безредија во Белград по митингот за Косово

22 февруари 2008

По големите демонстрации против независноста на Косово во главниот град на Србија, Белград, синоќа дојде до безредија. Стотици хулигани минаа низ центарот и ги нападнаа амбасадите на САД, Германија и Хрватска.

Американската амбасада во Белград во пламенФотографија: AP

Непосредно откако масата од парламентот тргна на миса, млади хулигани се упатија кон квартот со амбасади во Белград. Додека мирните демонстранти палеа свеќи во црквата за српското малцинство на Косово, американската амбасада во улицата Кнез Милош веќе беше во пламен. Со камења беше нападната и германската амбасада и беа искрешни повеќе прозорци. Во моментот кога безредниците напаѓаа, немаше полиција. Во центарот на градот беше ограбена една стоковна куќа. Хулиганите нападнаа и странски банки, за нешто потоа силни единици на полицијата да ги потиснат хулиганите со употреба на солзавец.

Масовните демонстрации пред парламентот попладнето минаа мирно онака како што посакаа организаторите. Премиерот Воислав Коштуница, како еден од главните говороници запраша:

„Граѓани на Србија, што е Косово, каде е Косово, кому му припаѓа Косово? Има ли некој меѓу нас што не потекнува од Косово„?, праша премиерот кој според последните анкети во моментов не е многу популарен.

Големата маса пред парламентот се однесуваше како на фудбалски стадион. Луѓето пееја и мафтаа со знамиња. Ниту непосредно пред војната, ниту на погребот на Милошевиќ не се собраа толку луѓе во центарот на Белград. Многумина кои веројатно никогаш и не биле на Косово, допатуваа на манифестацијата. Дојдоа цели училишта и вработени во фирми со бесплатни автобуси и возови. Тоа беше и желбата на српското државно раководство: еден народ во единство:

„Светот денеска треба да види дека целиот наш народ е против отцепувањето на Косово. Српскиот народ потекнува од Косово, целата наша култура„ вели една Србинка родена на Косово која стигна во градот од еден бегалски логор во околината на Белград.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми