Безредија во Кина
26 јуни 2013Новинската агенција Ксинхуа јави дека „толпа вооружена со ножеви“ напаѓала луѓе во полициски станици, во зградата на локалните власти и на едно градилиште, а запалила и повеќе полициски автомобили. Во нападите се убиени 17 луѓе, меѓу кои и деветмина полицајци или припадници на обезбедувањето, како и осуммина цивили. Повредени се три лица. Полицијата потоа отворила оган и убила десетмина учесници на протестите, а тројца се уапсени. По останатите се трага.
За идентитетот на напаѓачите засега нема информации. Во слабо населениот северозападен регион Шинџијанг во изминатите години постојано доаѓаше до крвави конфликти меѓу муслиманските Ујгури и Хан-Кинезите. Ујгурите се чувствуваат потиснати од припадниците на Хан, кои систематски се населуваат во граничниот ргеион богат со суровини. Меѓу деветте милиони Ујгури има голем број кои се залагаат за одвојување на оваа област од Кина и за прогласување самостојна држава.