Безредија на протестите во Франција
29 април 2016Најмалку 170 илјади луѓе, главно работници и студенти излегоа на улиците на градовите ширум Франција за преку протест да ги истакнат барањата за повлекување на предложениот нов закон за труд во земјата. Противниците на реформата на трудовото право, која се вбројува во напорите за намалување на хроничната невработеност во Франција и која изнесува околу 10 проценти, велат дека новиот закон ќе претставува закана за стекнатите права и ќе ја продлабочи несигурноста на работните места за младите.
Во текот на ноќта дојде до безредија во кои беа повредени 24 полицајци, а десетици млади демонстранти се судрија со полицијата и утрината на парискиот Плоштад на Републиката, каде со недели наназад против новиот закон за труд протестираат припадниците на движењето „Цела ноќ“.
Погледнете го вебвидеото за протестите во Франција: