1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Без Готовина, за Хрватска нема преговори за членство во ЕУ

18 јануари 2005

Хрватска нема да може да ги почне планираните преговори за членство во Еу во Март доколку претходно не биде пронајен, уапсен и предаден на Хашкиот Трибунал обвинетиот генерал Анте Готовина, им рекоа вчера во Брисел европските челници на Хрвтаските авторитети.

Анте Готовина- главната пречка за хравтските евроинтеграции
Анте Готовина- главната пречка за хравтските евроинтеграцииФотографија: AP

Апсењето на Готовина и целосната соработка со Хашкиот трибунал се камен на сопнување за почетокот на преговорите со Хрватска, им посочи на хрватскиот премиер Иво Санадер и шефот на дипломатијата Миомир Жужул еврокомесарот за проширување Оли Рен.

,, Доколку тоа не се случи, ние нема да можеме да ги почнеме преговорите со Хрватска на 17 март , што ќе биде големо разочарување за сите, и ние сакаме тоа по секоја цена да го спречиме” - нагласи Рен, додавајќи дека Европската комисија и луксембуршкото претседателство на Унијата наредните недели заедно со Хашкиот суд ќе проценат колкава е соработката на Загреб со Трубуналот.

Истиот став го повторија и високиот европретставник Хавиер Солана и претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо. Баросо ги потсети хрватските авторитети дека Хрватсска би можела да стане членка на Унијата до крајот на 2009-та година, но само ако ги исполни сите услови, меѓу кои и соработката со хашкиот суд.

Хрватскиот премиер Иво Санадер, веднаш потоа, даде цврсто ветување дека земјата прави се за да ги оствари европските барања. Тој ги повика сите држави членски на Еу и на ОН, да ги стават на располагање сите расположливи податоци за избеганиот генерал Анте Готовина.

Санадер сепак излезе задоволен од вчерашната средба со европските челници, кои му пренеле дека Унијата на Хрватска ќе и ги пренесе искуствата од на другите земји кои преговарале за членство.

,,Сега бев информиран дека ќе има 36 наместо 31 поглавје за преговори, а тоа ќе им овозможи и на Хрватска и на ЕК побрѕо и полесно да ја завршат работата, за преговорите да завршат во 2007 – та година,, рече Санадер. Посебен акцент во преговорите со Хрватска, ќе биде ставен на демократскиот, а не како досега, на економскиот дел од условите.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми