Без договор за Иран
6 декември 2006Реклама
По разговорите во Париз, францускиот министер за надворешни работи, Филип Дуст-Блази, во соопштение наведе дека бил постигнат напредок и дека сите инволвирани страни се согласиле за донесување ефективна резолуција. Дипломати во Париз велат дека Москва се противи на широки санкции против Иран. Велика Британија, Кина, Русија, Франција, САД и Германија реагираат на игнорантскиот однос на владата во Техеран, кој не го почитува барањето на ОН за запирање на збогатување на ураниумот, процес кој според западот може да биде употребен за производство на нуклеарно оружје. Иран тврди дека програмата е за цивилни потреби.