1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Без НАТО, но со САД

4 април 2008

Грција предложи продолжување на преговорите околу името, во земјата расте непопустливоста за промена на уставното име. Кај граѓаните владе разочараност од неприемот во НАТО, но политичаритите повикуваат на трезвеност

Треба да се обмислат следните чекориФотографија: picture-alliance/ dpa

Уште пред македонскиот претседател и премииерот да слетаат во Скопје, откако пред време го напуштија самитот на НАТО во Букурешт по одлуката Македонија да не добие покана за членство, грчкиот премиер Костас Караманлис упати покана за продолжување на разговорите за името.

Блокираниот влез во НАТО го сврте расположението кај граѓаните во антигрчко, но предлогот на американскиот претседател Џорџ Буш за американскиот безбедносен чадор за Македонија како да ги оттргнува дилемите што ќе биде со земјата, во која расте непопустливоста за промена на уставното име.

Блокираниот влез во НАТО го сврте расположението и кај политичарите, но сепак тие со многу потрезвени глави излегоа на повеќето телевизиски канали со први оценки и коментари.
Не е време за оставка на премиерот Никола Груевски, за предвремени избори, за референдум, е заедничкиот именител од настапите на лидерите на политичките партии и на пратеници од Собранието.

И покрај најавите за некакви антигрчки протести, во Скопје емирно, но исклучително мибилно е обезбедувањето пред грчката амбасада од макеоднски специјалци. Граѓаните и вчера претпладне вадеа визи за патување во Грција, иако негодуваа поради нејзиното вето во Букурешт.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми