Без триумф за Марин Ле Пен
23 март 2015
Марин Ле Пен има префинет смисол за симболика. Не е чудо што шефицата на деснопопулистичкиот Национален фронт на изборната вечер сакаше да ги обесхрабри политичките конкуренти со едноставна порака: „Националниот фронт е политичка партија број еден во Франција“. Со овој слоган некогашната партија на протестот уште по европските избори лани сакаше да го подвлече преминот кон народна партија. Но, во изборната ноќ Ле Пен со стиснати заби мораше да констатира: нејзината партија заостанува повеќе проценти зад конзервативците на Никола Саркози, повеќе од предвидуваното во анкетите. Наместо да се фали како победник, на Ле Пен и‘ остана само ритуалното барање за оставка на владата. Освоеното место за оваа партија е разочарување.
Натамошна опомена за владата
Ако Националниот фронт доживеа силен удар на високо ниво, таков посебно доби и премиерот, кој беше посебно ангажиран во изборната борба. Мануел Валс не можеше да го спречи дебаклот најавен уште во анкетите. Иако пред неколку недели државниот претседател Франсоа Оланд и премиерот Валс добија силен аплауз за својот кризен менаџмент по исламистичката терористичка серија.
Но, обидот Националниот фронт да се направи симбол на ѓаволот, премиерот зборуваше дека Франција се наоѓа на проба од делба, гласачите не ги убеди. Напротив, тоа имаше спротивно дејство, многумина од нив со давањето глас на Ле Пен дадоа опомена на владата. Не само поради катстрофалната ситуација на пазарот на трудот, туку и за сликата која ја дава Социјалистичката партија парализирана од внатрешната борба на фракциите.
Франција се наоѓа пред немирни времиња
Владата всушност најави до 2021 година да ги укине сите департменти кои потекнуваат уште од времето на Наполеон и нивните компетенции да ги префрли врз поголеми региони. Тоа можеше да биде заслужен аплауз од експертите и стопанството, со оглед на тоа што со децении има поплаки за лавиринтот на компетенции. Но, социјалистичкиот парламент пред неколку дена изгласа нешто сосема спротивно: департментите останаа и дури добија и проширени надлежности, што е уште еден доказ за реформската неспособност на владата.
Се разбира, ваков перформанс на владата е подарок од небо за Марин Ле Пен, чија главна тема е доселувањето, ЕУ и економската политика.
Марин Ле Пен - претседател на државата?
Но сепак, и покрај тоа што не може да се превиди растечката популарност и вкоренетост на Националниот фронт и Марин Ле Пен, предипредувањето дека таа би била иден претседател на државата е обично предизвикување паника. Мобилизирањето на потенцијалот на Националниот фронт очигледно има свои граници. И при сета галска лутина, важи: Ле Пен како станар во Елисејската палата на крајот не пасува на мнозинството граѓани.
Но, Ле Пен идните месеци уште повеќе ќе ги засили темите наменети кон политичкиот центар. Актуелната изборна борба веќе покажа накаде оти патот. Неодамна Никола Саркози наместо за интеграција зборуваше за асимилација, како и за забрана на носење шамија на универзитетите. За претседателските избори во 2017 година засилувањето на Националниот фронт би можело да има последици. Бидејќи влезот на Ле Пен во вториот изборен круг е веројатен и поразот во него сигурен, идните избори можеби ќе бидат решени во првиот круг, конкурентот на Ле Пен веројатно ќе ја однесе победата. За традиционално поделената левица на Франција тоа може да значи и политичка смртна пресуда.