Бела куќа: Асад е тиранин и убиец
11 јули 2012Истовремено портпаролот Џеј Карни на пресконференцијата во Вашингтон, побара од високите политичари и војската во Дамаск да се „пресметаат со Асад“ и да се „стават на страната на народот“.
Денеска (11.07) специјалниот пратеник на ОН и на Арапската лига за Сирија, Кофи Анан, ќе му поднесе извештај на Советот за безбедност на ОН за последните напори во решавањето на сирискиот конфликт. Во нивни рамки Анан го посети вчера и Иран, што не наиде на одобрување во САД.
Русија пак поднесе до Советот за безбедност на ОН нацрт-резолуција за Сирија со која се предвидува набљудувачката мисија чиј мандат истекува на 20. јули, да остане во таа држава уште три месеци.
Спроед Александар Панкин, заменик постојан претставник на Русија во ОН, нацрт-резолуцијата е „целосно неконфронтациска“.
Главната намера е поддршка на напорите на специјалниот пратеник на ОН и Арапската лига, Кофи Анан.
Анонимен дипломат од ОН изјави за американски медиуми, дека руската нацрт-резолуција ги вклучува препораките на генералниот секретар на ОН за дислоцирање на мисијата од провинција во главниот град и фокусирање на политички дијалог. Тој додаде дека рускиот предлог треба да биде комбиниран со притисок врз страните во конфликтот да прекинат со насилствата.