1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Белгија и Аргентина во четвртфиналето на Мундијалот

АТ/ миа/ дв2 јули 2014

Возбудливиот меч меѓу САД и Белгија го донесе последниот четвртфиналист на СП во Бразил. Белгијците успеаа да го надиграат тимот на Клинсман. Претходно Аргентина ја совлада Швајцарија.

Фотографија: Reuters

Аргентина е седмата репрезентација која обезбеди пласман во четвртфиналето на Светското фудбалско првенство во Бразил.

На осминафиналниот меч на Мундијалот одигран во Сао Пауло, Аргентина ја совлада Швајцарија со 1:0 дури по продолжението откако натпреварот во регуларните 90-минути заврши без голови. Стрелец на победничкиот гол за „Гаучосите“ беше Анхел ди Марија во 118-минута.

Противник на Аргентина во четвртфиналето е Белгија. Белгиските фудбалери во вечерниот натпревар против САД и германскиот тренер Јурген Клинсман извојуваа победа во продолжението од мечот.

Останатите три четвртфинални парови се: Бразил – Колумбија, Холандија - Костарика и Франција – Германија.

Денеска и утре на првенството е слободен ден, а натпреварите за влез меѓу четирите најдобри ќе се играат во петок и сабота.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми