1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Белград и Подгорица против еднострани потези за Косово

6 јули 2007

Србија и Црна Гора не сакаат какво било еднострано решение за идниот статус на Косово, се согласија денеска во Подгорица на првата меѓусебна средба шефовите на дипломатиите на двете земји, Вук Јеремиќ и Милан Рочен.

Вук ЈеремиќФотографија: AP

Српскиот министер за надворешни работи Вук Јеремиќ од Подгорица уште еднаш порача дека преговорите се единствениот пат преку кој може да се дојде до стабилно и компромисно решение за Косово:

“ Какви било еднострани акти од која било страна или актер во процесот би биле штетни за стабилноста на регионот“ изјави Јеремиќ

Со ваквиот став е согласен и неговиот црногорски колега Милан Рочен:

“ Ако решението на проблемот зависи од Црна Гора ние знаеме која страна да ја одбереме, но за жал тоа не зависи од нас. Нашата главна цел е во Црна Гора, каде сложно живеат и албанци и срби да ги зачуваме мирот и стабилноста. Само таква Црна Гора може да биде пријател на Србија и партнер на Приштина“ изјави Рочен

Инаку Јеремиќ во Подгорица допатува од Берлин каде на разговорите со германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер беше закључено дека поделба на Косово е надвор од игра :

“ Ние решивме да ги почитуваме правилата на меѓународната заедница и поделбата никогаш нема да се најде на преговарачка маса како предлог на Србија“ изјави Јеремиќ

Франк Валтер Штајнамер, кој во овие моменти во Берлин разговара со косовскиот претседател Фатмир Сејдиу и лидерот на опозицијата Хашим Тачи изнесе аргумент против поделба на Косово:

“ Историјата на Европа е историја на војни, периоди на мир и создавање на нови граници. Како резултат на тоа немаме мултиетнички држави и мислам дека тоа не е перспектива ниту за западниот балкан. Затоа сметаме дека целта мора да биде мултиетничко Косово во кое сите народи и религии ќе живеат заедно во мир“ изјави Штајнмаер

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми