Белград предлага пет теми за директни преговори со Приштина
19 септември 2007Реклама
Лидерите на косовските Албанци денеска во Лондон ќе се сретнат со меѓународните претставници за да го презентираат својот став за идниот статус на Косово. Нема алтернатива за независноста и сметам дека тој процес ќе се заврши наскоро, изјави косовскиот претседател Сејдију пред денешните преговори. Меѓународните претсатвници вчера се сретнаа и со српскиот преговарачки тим синоќа. Српската страна од своја страна предложи пет теми на за директни преговори меѓу Белград и Приштина, соопшти српскиот министер за Косово и Метохија Слободан Самарџиќ. Меѓу нив се постигнување меѓународен договор за идниот статус на Косово како и конкурентна поделба на надлежностите меѓу Србија и Косово. Предложено е да се разговара и за економските прашања.
Директните преговори се закажани за 28 септември во Њујорк.