1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Белорусија: 14 години казнен логор за Виктор Бабарико

Јенс Јенсен
6 јули 2021

Белорускиот опозиционер Виктор Бабарико е осуден на 14 години казнен логор, информираа неговите поддржувачи на Твитер. Бабарико е човекот кој го предизвика Лукашенко пред изборите, по што беше уапсен.

Belarus | Viktor Babariko
Фотографија: Ramil Nasibulin/picture alliance/AP

Поддржувачите на 57-годишниот Виктор Бабарикo, поранешен шеф на Белгазпромбанка, според судот во Минск, е виновен за примање мито и за перење пари. Тој, како што соопштија на неговиот Твитер-профил неговите поддржувачи, добил 14 години казнен логор, додека Обвинителството барало казна во траење од 15 години.

Бабарико, кој е најпознатиот противник на белорускиот властодржец Александер Лукашенко, тврди дека е невин. Минатата година Бабарико се кандидираше за претседатеските избори во Белорусија и важеше за најважен предизвикувач на Лукашенко, но беше уапсен на неколку недели пред изборите. Апсењето доведе до зближување на повеќе различни опозициски табори, кои ѝ дадоа поддршка на Светлана Тихановскаја, која во меѓувреме живее во егзил.

Протестите во Белорусија по изборите во август 2020 траеја долгоФотографија: REUTERS

На изборите во Белорусија во август минатата година, кои беа засенети од обвинувања за големи измами, според Изборната комисија, победи Лукашенко. Во земјата дојде до масовни протести кои траеја долго време, но беа задушени брутално од страна на безбедносните сили. Многу од учесниците на протестите, исто како и важни водечки опозиционери, се во затвор.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми