1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Белорусија ги затвора границите кон Литванија и Полска

СН/агенции
18 септември 2020

Шефот на државата Александар Лукашенко реагираше на воените маневри со трупите на НАТО во Литванија и Украина со затворење на границите. ОБСЕ најави дека ќе испита можна изборна измама.

Belarus Präsident Lukaschenko
Фотографија: Reuters/BelTA/N. Petrov

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, објави дека ќе ја затвори границата со Полска и со Литванија и оти ќе ја стави војската во состојба на готовност.

Лукашенко, кој се наоѓа под притисок поради масовните шестнеделни протести чии учесници бараат негова оставка, изјави дека Белорусија е приморана и да ги засили контролите на границата со Украина.

„Принудени сме да ги повлечеме војниците од улица, да ја ставиме војската во состојба на готовност и да ја затвориме државната граница кон запад, пред сѐ со Литванија и со Полска“, изјави Лукашенко.

Тој додаде дека „не сака неговата земја да биде во војна“ и оти не сака Белорусија, Полска и Литванија да се „претворат во театар на воени операции“. „Затоа денеска сакам да апелирам до народот во Литванија, Полска и во Украина. Запрете ги своите луди политичари, не дозволувајте да избие војна.“

Тој не ја спомена соседна Летонија, која е членка на НАТО како Полска и Литванија.

Фотографија: Alexey Maishevdpa/picture-alliance

Лукашенко под притисок

Белорусија е погодена со политичка криза од претседателските избори на 9 август, кога ширум земјата почнаа масовни протести, иницирани од официјалните резултати од гласањето според кои Лукашенко освои над 80 отсто од гласовите.Властите во Белорусија настојуваа да ги задушат протестите со апсења и со репресија.

Повеќе:

-Стотици уапсени на новиот масовен протест во Минск

-На опозицијата во Белорусија и треба план

-Белоруси во егзил: „Политички нема веќе назад“

Првите денови од протестите полицијата масовно се пресметуваше со демонстрантите, уапси над 7.000 луѓе и истепа стотици. Власта потоа се насочи кон селективни апсења на опозициските активисти и демонстранти. Лукашенко (66) во Белорусија владее со цврста рака од јули 1994 година со репресија над опозицијата.

Во меѓувреме Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) најавави дека ќе формира комисија од експерти за испитување на можни изборни измами и кршење на човековите права во Белорусија. Иницијативата потекнува од 17 држави, вклучително и Франција и САД.

Фотографија: Alexey Maishevdpa/picture-alliance

Осуда за исклучување на интернетот

САД, Германија и уште 27 земји ги осудија, во објавеното заедничко соопштение, наводните исклучувања на интернет кои ги спроведе белоруската влада по претседателските избори во земјата.

„Исклучувањата и блокирањето или филтрирањето на услугите е неоправдано ограничување на правата за мирно собирање и слободата на здружување и изразување, особено кога им недостасува процедурална правичност и транспарентност“, се наведува во соопштението од Стејт департментот, пренесува агенцијата Ројтерс.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми