1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Белорусија: Ослободени 1.000 лица, министерот се извини

ЖА / агенции
14 август 2020

Под притисок на европските земји, белоруските власти јавно се извинија, што ретко се случува. По спорниот изборен исход, во земјата беа уапсени 7.000 илјади демонстранти против кои беше употребена брутална сила.

Belarus Wahl | Gefangene werden freigelassen
Фотографија: picture-alliance/AP Photo

 

Притисокот врз владата во Белорусија постојано расте. На улиците на поголемите градови, првенствено на престолнината Минск, демонстрираат неколку дена илјадници луѓе против употребата на државно насилство. На петтиот ден од протестите со демонстрантите се солидаризираа и бројни вработени во државните претпријатија, по што сега следува реакција на владата.

Властите неочекувано почнаа со ослободување на поголем број лица, уапсени при демонстрациите по претседателските избори на викендот. Пред затворот Окрестина во Минск семејствата и пријателите ги прифатија пуштените демонстранти, како што соопштија повеќе медиуми.

Повеќе:

Белорусија: Во потрага по уапсените роднини

Се случува ли втор „Мајдан“ во Белорусија

Изборна фарса на Лукашенко во Белорусија

Многумина од уапсените сведочат за мачења во затворите и ги покажуваа своите рани. Властите соопштија дека ќе биде пуштен на слобода голем дел од уапсените демонстранти, споменувајќи бројка од илјада лица. Тоа се луѓе кои се притворени без причина, на маргините на неодобрените протести, се вели. Вкупниот број на притворени инаку е околу 7.000 луѓе. Ова е првпат во последниве денови државниот апарат на белорускиот претседател Аександар Лукашенко, кого го нарекуваат и „последниот дикатор во Европа", да попушти. Илјадници луѓе и вчера бараа негова оставка, обвинувајќи го за изборна измама.

Државните медиуми зивестуваат дека Лукашенко синоќа самиот најавил да се погрижи за ситуацијата со затворените. Врз Лукашенко порасна и притисокот од надвор. Во Германија во Министерството за надворешни работи беше повикан на разговор белорускиот амбасадор. Министрите за надворешни работи на ЕУ на видео-конференција денеска ќе дискутираат и за настаните во Белорусија.

Министерот за внатрешни работи на Белорусија, Јуриј Карајев преку државната телевизија им се извини на граѓаните за апсењето на многумина невини. Во полициските акции против масовните протести се случиле и ненамерни приведувања, изјави тој. „Како заповедник, преземам одговорност и на човечки начин се извинувам кај овие луѓе', изјави министерот.

 

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми