1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Белоруската опозиционерка Колесникова уапсена на граница

Јенс Јенсен
8 септември 2020

Познатата опозиционерка Марија Колесникова исчезна во понеделникот. Сега белоруските власти излегоа со изненадувачка информација, која отвора нови прашања.

Belarus Minsk | Swetlana Tichanowskaja und Maria Kolesnikowa
Светлана Тихановскаја (л.) и Марија Колесникова (10.08.2020, Минск)Фотографија: Getty Images/AFP/S. Gapon

Нагаѓањата околу белоруската опозиционерка Марија Колесникова продолжуваат. По нејзиното исчезнување во понеделникот, властите во Белорусија соопштија дека таа е уапсена на границата со Украина. Колесникова се обидела да ја напушти земјата илегално, тврдат тие и додаваат дека на двајцата мажи кои биле во нејзина придружба им успеало преминувањето на границата. Претходно, белоруските државни медиуми јавија дека 38-годишната Колесникова отпатувала од земјата.

Координативниот совет на демократското движење, чиј припадник е Колесникова, не сака да ги потврди ваквите наводи. Се вели дека Советот нема информации за тоа каде се наоѓа Колесникова и двајцата нејзини соработници, Иван Кравзов и Антон Родненков. Освен тоа, портпарол на Советот потврди дека Колесникова немала намера да ја напушти Белорусија доброволно.

Семејството на Колесникова претходно пријави нејзино исчезнување. Една жена за порталот Tut.by изјави дека видела како Колесникова во понеделникот претпладне е турната во црно комбе. Потоа, ниту таа ниту Кравзов и Родненков не беа достапни на телефон.

Покрај Светлана Тихановскаја,која се наоѓа во егзил во Литванија, Колесникова е една од најпознатите противници на белорускиот претседател Александер Лукашенко. По нејзиното исчезнување Министерството за внатрешни работи во Минск соопшти дека нема информација за нејзино апсење.

Сепак, реакциите од Западот се упатени на адреса на властите во Минск. Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас за весникот „Билд“ изјави: „Многу сме загрижени за госпоѓа Колесникова“. Според Мас, „апсењата кои продолжуваат и репресиите се неприфатливи“. Шефот на европската дипломатија Жозеп Борел изјави дека ЕУ очекува „итно ослободување на сите лица кои се уапсени од политички причини пред и по фалсификуваните претседателски избори на 9 август“.

Белорусија: 10 дена во притвор за една песна

01:30

This browser does not support the video element.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми