1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Белоруската опозиција ја доби наградата Сахаров

Штефан Штикелман
22 октомври 2020

Европскиот парламент го награди ненасилниот ангажман за демократија на противниците на белорускиот властодржец Александер Лукашенко.

Belarus Opposition Swetlana Tichanowskaja
Светлана Тихановскаја сега живее во егзил (фото: предизборен собир во Брест, 2. 08.2020)Фотографија: Sergei Grits/AP Photo/picture-alliance

Наградата за човекови права на Европскиот парламент годинава и’ е доделена на белоруската опозиција. Со наградата Сахаров, Европскиот парламент и’ оддава признание на опозицијата во Белорусија за нејзините залагања за демократија во земјата.

Наградата, според наводи на ЕП, се доделува на демократската опозиција, која ја претставуваат Координативниот совет, политичките активистки, како Светлана Тихановскаја и личности од цивилното општество, како политчки ангажираната добитничка на Нобеловата награда за литература, Светлана Алексијевич.

Наградата Сахаров, наменета за борци за човекови права, ќе биде врачена на 16 декември. Таа го носи името на советскиот физичар, дисидент и добитник на Нобеловата награда за мир, Андреј Сахаров  (1921-1989).

Повеќе:

Зошто Белорусите ги носат своите деца на протестите против Лукашенко?

Медиумите во Белорусија под зголемен притисок - се помалку странски новинари

Белорусија: Лукашенко тајно положил претседателска заклетва

По претседателските избори во Белорусија, на 9 август годинава, во земјата има постојано протести. Земјата е во тешка внатрешнополитичка криза. ЕУ не го признава веќе како претседател Александер Лукашенко и на Тухановскаја и демократското движење во Белорусија им вети широка поддршка. Тихановскаја во моментов живее во егзил во Литванија. Белорусија распиша потерница по поранешната кандидатка за претседател затоа што ја смета за „закана за националната безбедност“.

Валериј Цепкало смета дека наградата Сахаров го зајакнува опозициското движење во БелорусијаФотографија: Reuters/V. Fedosenko

Белорускиот опозициски политичар Валериј Цепкало оцени дека наградата Сахаров значително го зајакнува движењето против Лукашенко. Наградата значи дека белорускиот народ не е сам „против овој дикакторски режим“, изјави Цепакало за ДВ. Тој во интервју за ДВ изрази надеж дека режимот ќе падне за неколку месеци, по што народот би добил можност за слободна, демократска и суверена држава.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми