Бел фрижидер како млекото внатре
3 август 2007Вниманието потоа се пренасочи кон прехранбените артикли: за време на Велигден, Кинезите беа виновни за недостигот на какаото, а сега и „страшната вест„:„Кинезите ни го пијат млекото„! Што е вистина во тезата за млечниот бум во Кина? Матијас фон Хајм од Пекинг јавува:
Насмеани млади луѓе водат бурен, но истовремено и здрав живот – тоа во Кина се постигнува со млекото. Така, милиони млади луѓе секојдневно можат да ја следат ТВ-рекламата на млечниот концерн Менгниу што значи „Крава што сонува„. Кина е преплавена со реклами кои го пропагираат уживањето во млекото. На чело на колоната, кинескиот премиер Вен Јиабао. При посетата на една млекарница во централно-кинескиот град Чонкинг во април минатата година во книгата на посетителите запиша: „Сонувам секој Кинез, пред се секое дете еден ден да може секој ден да испие половина литар млеко„.
Како што најчесто се случува во оваа земја, ништо не е случајно. Во Пекинг се вели дека Кина треба да ја стигне Јапонија. Просечниот Јапонец во 50-десттите годин беше низок. Тоа што Јапонците во 21-иот век станаа забележливо повисоки, му се припишува на консумирањето млеко. Од тоа се роди и мотото:„Чаша млеко ја прави силна нацијата„.
Во посетениот супер-маркет на пример,се купува млеко, но слоганот не е и познат на оваа купувачка:
„Секој ден пиеме млеко. Секој добива една доза. Тоа го правиме повеќе од 10 години. Но, слоганот не сум го слушнала. Меѓутоа, моето искуство вели дека млекото е добро„.
Толку и за теоријата дека Азијците, а особено Кинезите не поднесуваат млеко. Во меѓувреме, се проценува дека околу 300 милиони Кинези се навикнале да пијат млеко. 12-те милиони кинески крави продизведуваат годишно околу 30 милиони тони. Но, тоа не е доволно. Затоа во странство се купува млеко во прав. Вкупната вредност на купеното млеко во прав во минатата година достигна 500 милиони евра.
Покрај здравствениот имиџ на протеините и калциумот, сегашната побарувачка на млеко има и друга причина: зачестените скандали со храната, во што се вбројува и храната за бебиња. Оттаму, увезените производи се на добар глас. Оваа продавчка уште тврди:
„Ова млеко во прав е најдоброто за децата. Сета содржина е увезена, во тоа можете да бидете сигурни. И многу е поподносливо за системот на варење. Освен тоа го помага развојот на мозокот и видот кај бебињата. Се разбира, млекот е здраво не само за бебињата, туку и за возрасните„.
За бумот на млечниот пазар во Кина меѓутоа, решавачки е поратстот на стандардот: дури од неодамна голем број луѓе воопшто можеа да си го дозволат она што е потребно за млечните пијалаци: фрижидер. Класично бел, како и млекото внатре.