1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Беназир Буто плати скапа цена

27 декември 2007

Беназир Буто водач на опозицијата во Пакистан е убиена на предизборна манифестација во Равалпинди. Светот жестоко го осудува убиството на Буто. Но која беше Беназир Буто и каква улога игра во пакистанската политика?

Беназир Буто, поранешен премиер на ПакистанФотографија: picture-alliance/ dpa

Враќањето на Беназир Буто беше исполнето со многу емоции - перфектно инсценирани од харизматичната 54 годишна политичарка. Кога по осум години минати во егзил на 18 октомври се врати во нејзиниот роден Карачи, се пролеаја и солзи. „Со години и месеци сонував за овој ден, само за да ја видам оваа земја, нејзината трева и небото. Се надевам само, дека можам да ги исполнам високите очекувања на луѓето овде.“

Очекувањата од Буто, која двапати беше премиер на земјата беа поделени. За едни Буто беше предвесник на демократијата, за другите симбол на ароганција и бескурпулозна воља за моќ.

Намерите на Буто ништо не можеше да ги поколеба, дури и кога нејзината триумфална поворка по враќањето на 18 октомври се претвори во крвопролевање.

Враќањето во Пакистан - правилна одлука

Последниот напад смртоносен за БутоФотографија: AP

Во нападот животот го загубија 140 луѓе. Буто тогаш остана неповредена. И покрај заканите за напади го издржа патот до Карачи и пристигна назад во Пакистан. „ Некои луѓе сметаат дека е наивно. Но јас мислам дека тоа беше правилната одлука. Имено кога се борите за една работа, во која верувате, мора да бидете подготвени да ја платите и цената. Ќе беше погрешно да не се вратев.“

Враќањето на Буто во Пакистан беше овозможено по склучување на договор со претседателот Первез Мушараф, со што се повлекоа префрлуањата за корупција портив неа.

Верба во демократијата

Политичарката изрази и готовоност да биде премиер под претседателот Мушараф. И тоа не само под притисок на САД, каде имено политкологот Буто се образуваше на Харвард и Оксфорт и има позитивен имиџ. Но во делови на нејзината народна партија, помирувачкиот курс на Буто беше непопуларен. А кога Мушараф ја воведе вонредната состојба Беназир Буто рече

„Преговорите пропаднаа. Имено ние зборувавме за повторно воспоставување на демократијата. Наместо ова на мое големо изненадување и вчудовидување се воведе воено право. Ова го гледам како кршење на довербата.“

Дали Буто навситина беше уверена во ова, или тоа беше само дел од едно политичко шоу? Ова прашање по вчерашниот ден ќе остане не одговорено.

Првата премиерка на исламска држава

1988 година Буто стана првата премиерка на една исламска држава по што двапати беше заменета од Наваз Шариф на оваа функција.

Изминатите месеци сепак таа ја бараше неговата поддршка, затоа што за евентуална изборна победа ќе и беше потребен сојузник

„Имаме иста цел. Сите ние сакаме повторно да се воспостави демократијата, и тоа преку слободни, фер и независни избори.“

Превисока цена

Ангажманот на Буто во оваа политичака игра беше голем, и за него сега плати со сопствениот живот. За ризикот знаеше и самата и

Во нападот загина БутоФотографија: AP

честопати на шега велеше дека заканите за убиство се нејзина предност. Јавно извлекуваше паралели и со нејзиниот татко Зулфикар Али Буто. Имено откако поранешниот шеф на држата и премиер, по пучот во 1979 година беше убиен, Зулфикар се смета за маченик. Со оваа улога до последен момент кокетираше и неговата ќерка „Посотои ризик за мене. Но ризикот за мојата нација е многу поголем“ ќе рече еднаш Беназир Буто.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми