1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бенфика во нова битка против „проклетството“

БГ/макфакс14 мај 2014

Фудбалерите на Севилја и Бенфика, вечерва во Торино, ќе играат во финалето на Лига Европа. За фудбалерите на Бенфика тоа е и нова можност да му стават крај на 100-годишното „проклетство“.

Фотографија: Getty Images

Севилја до финалето стигна откако во вистинска драма ја елиминира Валенсија, додека Бенфика во полуфиналето, во двомечот, славеше над Јувентус.

Севилја има две титули во ова натпреварување (2006, 2007) кое во минатото го носеше името Куп на УЕФА. На патот до финалето покрај споменатата Валенсија, тимот од Андалузија ги елиминираше Марибор, Бетис и Порто. „Патот до финалето беше тежок и долг. Растевме со секој следен натпревар. Ќе биде прекрасно доколку успееме да го освоиме трофејот“, вели 42-годишниот тренер на Севилја, Унаи Емери.

Тренерот на Севилја, тимот за овој натпревар ќе го составува без суспендираниот Сампери и повредените Черишев и Кристофор.

Бенфика има одлична сезона, екипата веќе ги освои трофеите во националното првенство и во Лига купот. Минатата година португалскиот тим исто така играше во финалето, но загуби од Челзи со 2:1. Бенфика на европски трофеј чека од сезоната 1961/1962 кога го освоија Купот на шампионите, потоа уште само во 1983 играа во финалето на Купот на УЕФА.

„Треба да го прекинеме проклетството. Тоа ни дава сила. Еден ден ќе се случи тоа, зошто не овде во Торино?“, рекол Жорге Жезус алудирајќи на клетвата на Бела Гутман.

Бела ГутманФотографија: Getty Images

Овој унгарски тренер кој на Бенфика и донесе две титули во Купот на шампиони го напуштил клубот по тие успеси, откако раководството не сакало да му ја зголеми платата. На заминување Гутман го проколнал клубот со зборовите дека во наредните 100 години нема да освои европски трофеј.

„Веќе игравме во финалето и знаеме што може да не очекува“, дополнува Жезус кој има големи проблеми со составувањето на тимот: Марковиќ е суспендиран, како и Салвио и Перез, додека повредени се Фејса и Силвио. Двата тима во европските купови играле само еднаш, далечната 1958 година во Купот на шампионите, а Севилја го добила двомечот со 3:1.

Можни состави:

Севилја: Бето, Коке, Пареха, Фазио, Морено, Карико, Мбиа, Марин, Ракитиќ, Витоло, Гамеиро.

Бенфика: Облак, Переира, Луисао, Гарај, Сикера, Ѓуричиќ, Гомес, Аморим, Гаитан, Лима, Кардозо.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми