1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Бербок во Буча:„Најлоши злосторства“

СН/агенции
10 мај 2022

Германската министерка за надворешни работи, Аналена Бербок, денеска е во Украина. Таа е прв министер од германската влада кој ја посетил земјата од почетокот на руската инвазија на 24 февруари.

Германската министерка за надворешни работи, Аналена Бербок (десно на фотографијата) за време на посетата на украинскиот град Буча
Германската министерка за надворешни работи, Аналена Бербок (десно на фотографијата) за време на посетата на украинскиот град БучаФотографија: Sergey Volskiy/AFP/Getty Images

Шефицата на германската дипломатија, Аналена Бербок, допатува денеска во посета на Украина. Првото место кое таа го посети беше Буча, град во близината на Киев, во кој беа откриени стотици убиени цивилипо руската привремена окупација на Буча во март годинава. Бербок посетата на Буча ја започна со разговор со жителите на градот.

Бербок притоа изјави оти е потресена од извештаите за масовните убиства на цивили и повика на итно расветлување на инцидентите. Министерката порача дека одговорните мора да бидат изведени пред лицето на правдата. „Тоа им го должиме на жртвите“, рече Бербок. „И овие жртви, а тоа може овде да се почувствувава толку силно, овие жртви можевме да бидеме и ние“, додаде шефицата на германската дипломатија. 

Шефицата на германската дипломатија, Аналена Бербок во црква во Буча запали свеќа за жртвите во едномесечната руска окупација на градот.Фотографија: Andreas Stein/dpa/picture alliance

„Извонредно ми важно да бидам овде денеска“

По руската опсада на Буча, украинските власти соопштија  дека пронашле ликвидирани цивили на улиците и во масовни гробници. Според последните податоци пронајдени се најмалку 1.235 убиени цивили.

Москва во повеќе наврати негираше дека во војната во Украина цел на нападите биле цивили, а обвинувањата оти руските сили убиле цивили во Буча за време на окупацијата на градот ги нарече „монструозен фалсификат смислен да се оцрни руската војска“.

Повеќе: Градоначалникот на Буча за ДВ: „Секој ден наоѓаме нови мртви тела, бројот на жртви расте“

Бербок во Буча говореше за „воени злосторства и злосторства против човештвото“. Тоа е место каде што се направени „најлошите злосторства“, рече германската министерка дополнувајќи: „И затоа ми е извонредно важно да бидам овде денеска“. Бербок за време на посетата на Буча беше придружувана од главната јавна обвинителка на Украина, Ирина Венедиктова, кој ги истражува наводите за воени злосторства во Буча. 

Буча: Сè повеќе докази за злосторства врз цивилите

01:44

This browser does not support the video element.

Повторно отворање на амбасадата во Киев

Во попладневните часови, меѓу другото, планиран е разговор меѓу Бербок и нејзиниот украински колега Дмитро Кулеба. Министерката, исто така, сака повторно да ја отвори германската амбасада во Киев, која е затворена од средината на февруари. Последните вработени во амбасадата заминаа во Полска на 25 февруари и продолжија да работат делумно од таму, а делумно од Берлин. Германија е една од последните западни земји што најави повторно отворање на својата амбасада во Киев.

Германскиот канцелар Олаф Шолц ја овласти Бербок да отпатува во Украина за да ја потенцира солидарноста на Германија со земјата. Самиот Шолц, исто така, планира патување во Киев откако украинскиот претседател Володимир Зеленски ги покани него и германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер да ја посетат земјата. 

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми