Берлинале - кусометражен филм
11 февруари 2004Реклама
"Бубачките" на Игор Иванов - Изи немаа среќа синоќа во Берлин. "Златната мечка" за кусометражен филм според одлуката на жирито отиде во рацете на неговиот романски колега Кристи Пуиу за остварувањето "Штека цигари и пакетче кафе". Станува збор за приказна во чиј центар се наоѓа разговор меѓу татко и син во една кафеана во Букурешт 14 години по симнувањето од власта на диктаторот Николае Чаушеску. Филмот на Пуиу ја доби и наградата што ја доделуваат Берлиналето, Европската филмска академија и "Јунајтид интернешенел пикчерс".